Отворени нови простории на Europe House во Крива Паланка и во Струмица
Две нови „места на новата генерација“ беа отворени неодамна во Крива Паланка и во Струмица.
Поттикнати од позитивното искуство со Europe house во Скопје, делегацијата на Европската унија, во партнерство со општините, отвори ваков простор, со што цели кон засилување на гласот на младите во општеството и кон нивни поттик сè повеќе да играат активна улога во идентификување и во решавање на предизвиците.
Двете нови институции ќе работат во истиот дух како и Europe housе во Скопје, но со фокус на локалните потреби на младите луѓе од трите градови, но и од регионот.
Овој простор е концептуално дизајниран да служи примарно како место за младите луѓе во кој се поттикнува дебата и критичко размислување, се стимулира иновативност и се генерираат нови идеи. Заштитното име Europe housе инспирира соработка и вмрежување на младите од различни општествени сегменти, кои вклучуваат претприемачи, млади иноватори, креативци, промовирајќи ги притоа европските вредности. Ваквите места играат улога на централен хаб за информации и настани од интерес на младите – од работилници до изложби и филмски проекции, како и извор на информации во однос на помошта на ЕУ како најголем донатор во земјава.