Актуелно

Пријави загадување на 070 286 698

Време на читање: < 1 минута

Државниот инспекторат за животна средина отвори нов телефонски број на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат загадувања на животната средина. Телефонскиот број 070 286 698 ќе биде отворен од 8.30  до 16.30 часот, а оттаму велат:

– Сите три видови инспектори по завршување на редовното работно време се во т.н. пасивно дежурство. Доколку се јави потреба за вонреден инспекциски надзор, во согласност со надлежноста, во кое било време се пристапува кон реализација. Оваа практика се применува континуирано и многу години наназад.

Напишете коментар