Луѓе за работа има, да им ги зајакнеме вештините!
Купи го актуелниот број на „Лице в лице“
Kлик за продавница

ДОЗА ВЕСТИ

Доза вести

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Министерството за здравство информира дека вчера е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи при што еден пациент доби срце,

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »

МАГАЗИН

ПОСЛЕДНО ИЗДАНИЕ

ПОДАРЕТЕ (СИ) ЛИЦЕ В ЛИЦЕ

Го купи новото „Лице в лице“?

електронско, печатено издание или годишна претплата

#52 Лице в лице – електронско издание

100 ден

Моќна жена - подобар свет! И еднакви можности за сите.

Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на темата родова рамноправност. Ставаме акцент на економското зајакнување на жените, на предизвиците при решавањето на родово базираното и семејното насилство, на можностите кои ги носи социјалното менторство за жени кои преживеале насилство, како и за теми кои нè носат кон поеднаков и поправеден свет.

#51 Лице в лице – електронско издание

100 ден

Да го ставиме здравството на здрав пат!

Предизвиците кои ги носи пристапот до лекови, дигитализацијата во здравството и вклучување на засегнати чинители во креирањето здравствени политики се во фокусот на 51. Издание на „Лице в лице“. Приватното плаќање за лекови е убедливо најголемиот извор на финансиски тешкотии, забележува Светската здравствена организација (СЗО). Причина - ограничената позитивна листа на лекови и тоа што сиромашните и хронично болните не се ослободени од  партиципација. Граѓаните мораат да даваат пари од свој џеб и покрај тоа што секој месец од платата им се издвојуваат придонеси за здравствено. Позитивната листа на лекови не е ревидирана повеќе од 10 години, а од 160 нови лекови одобрени од ЕУ во периодот од 2017 до 2020 година, само 11 се достапни во Македонија. Поради ова, пациентите можат да си дозволат најчесто застарени лекови кои во некои земји се исфрлени од употреба. Сите овие предизвици, но, и можни решенија за создавање „здравство на здрав пат“, се дел од новото, 51. издание на „Лице в лице“, кое е издадено во партнерство со „Рош Македонија“. дизајн: „Контура“

#50 Лице в лице – електронско издание

100 ден
Јубилејното, 50-то издание на „Лице в лице“ е посветено на темата создавање услови за инклузивни работни места. Ова издание се

#49 Лице в лице – електронско издание

100 ден
Ова издание на „Лице в лице“, број 49, ја носи темата социјална правда. Социјална правда е состојба во која сите членови на општеството ги имаат истите права, обврски, можности и придобивки за да може достојно да живеат и да напредуваат. Уставот на Меѓународната организација на трудот посочува дека универзален и траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. Ова значи дека луѓето не треба да се третираат низ призмата на капитал, ниту како фактор за извршување некакво производство или ресурс, туку треба да бидат третирани како човечки суштества, да им се оддаде достоинство и почит. Oва издание ги адресира потребите на работниците, солидарноста, информираноста за правата, но и предизвиците на новата реалност во начинот на кој работат луѓето денес, предизвикана од дигитализацијата на економиите и на секојдневниот живот, како и предизвиците кои ги носат системите во нивно препознавање, вреднување и официјализирање. Отвораме прашања за потребите на работникот, за намалување на дискриминацијата. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#48 Лице в лице – електронско издание

100 ден
„Лице в лице“ број 48 ја носи темата партнерства за развој и позитивни промени. Позитивни општествени промени и постигнување на Целите за одржлив развој е возможно само со заеднички напори на бизнисот, владите и граѓанските организации. Нивната меѓусебна релација е предуслов за создавање одржливи и праведни општества. Токму ова - креирањето партнерства за развој и позитивни промени, со придобивки за сите граѓани, е клучна тема на 48. издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#47 Лице в лице – електронско издание

100 ден
Лице в лице број 47: Вистината е еднина, лажните вести се множина! Лагата веќе го обиколува светот, додека вистината ги обува чевлите. Овој број на „Лице в лице“ е посветен на справување со лажни вести, дезинформации и говор на омраза. Зборуваме за свеста за заканата што ни доаѓа од забавните и от­та­му, навидум,  пријателски содржини на кои секој ден се изложуваме. Закани што нè покануваат да го активираме алармот на свесниот граѓанин што се грижи за својата „дигитална добросостојба“, тој што знае да ги користи и да ги владее новите технологии за тие да не завладеат со него, а со тоа и со иднината на општеството и на планетата. Објавуваме содржини за тоа каков говор употребуваме, кога се обраќаме или зборуваме за луѓе со попреченост, за луѓе со покачена телесна тежина, за тоа колку лесно потпаѓаме на дезинформации, но, и за тоа колку е важно да сме свесни и совесни за да ги надминеме овие елементи. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

Запознајте ги нашите микро претприемачи

Ковид 19 беше и сè уште е удар за продавачите на уличен печат кај нас, но и секаде низ светот каде што функционираат уличните списанија и весници.

Тимот на „Лице в лице“ гледаше на ова како на нов предизвик. Гледајќи ги можностите, создадовме уште посилна заедница на поддржувачи, продавачи, партнерски организации членки на мрежата за продажба и дистрибуција на списанието, читатели, активни граѓани. Сите заедно, обединети придонесовме да не биде загрозена егзистенцијата на ниту еден продавач. 
Дел од нашите продавачи пак,  иницираа дека одлично би се снашле во е-продажбата, токму поради социјалните мрежи кои се нивна омилена алатка за комуникација, а ете, сега, и за работа.

„Лице в лице“ е сега подостапно до својата читателска публика.  Креиравме низа модели кои одговараат на индивидуалните потреби на продавачите, заштитувајќи ги нив, а сепак, активирајќи ги во работен ангажман којшто е клучен за нивната интеграција и инклузија.

Заедно градиме заедница одговорни граѓан(к)и.

Игор Шајновски
Игор Шајновски
Кристијан Марковски
Кристијан Марковски
Валентин Ракип

ОДБЕРИ НАЧИН НА ПОДДРШКА

Електронско издание

600 мкд / годишно

Печатено издание

100 мкд / примерок

За Лице в лице

„Лице в лице“ е улично списание за одржлив развој, кое излегува во Македонија од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво.

Продавачи 
на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. 
Половина од сумата на списанието е за продавачот, а половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.

Содржината на оваа платформа е поддржана од Регионалниот ГИЗ проект за социјални права на ранливи групи по налог на Сојузното министерство за економска соработка и развој (БМЗ). Мислењата на платформата го претставуваат мислењето на авторите и не ги претставуваат нужно ставовите на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

Кошничка
Најава

No account yet?

Facebook X Instagram
Shop
0 items Cart
Моја сметка