Општи услови за користење на Интернет страницата https://kupi.licevlice.mk

Дефиниции

Интернет страницата https://kupi.licevlice.mk  овозможува обработка и публикување на содржини и нарачки на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“ и други негови производи и е во сопственост на „Лице в лице“, чиј издавач е Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје.

Доколку не се согласувате со тука наведените услови за користење и правила, ве молиме да се воздржите од употребата на https://kupi.licevlice.mk

Општо

Овие Услови за користење ги пропишуваат условите и правилата кои се однесуваат на користењето на https://kupi.licevlice.mk  од страна на купувачите. Со користењето на оваа е-продавница, (освен при првото читање на овие Услови), купувачите изјавуваат дека се согласуваат со тука изнесените услови и правила и согласни се со користењето на https://kupi.licevlice.mk.

Правото на користење на https://kupi.licevlice.mk  е лично право на купувачот и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Купувачот е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките, на оние места каде што тие како такви постојат. Купувачот е запознаен со фактот дека, иако интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите, или до настани кои се надвор од контролата на https://kupi.licevlice.mk.

Според тоа, https://kupi.licevlice.mk  не може да биде одговорна за било какво губење на податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на Интернет. Иако целта на https://kupi.licevlice.mk  е овие Интернет страници да ги направи достапни 24 часа дневно, 7 дена во неделата, Интернет страниците понекогаш можеби нема да бидат достапни од било која причина, вклучувајќи и нивно рутинско одржување. Крајниот корисник се согласува и прифаќа дека од причини кои се под, како и надвор од контрола на https://kupi.licevlice.mk, пристапот на Интернет страниците понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен.

„Лице в лице“ го задржува правото во било кое време да измени или укине било кој сегмент од своето работење, вклучувајќи, но неограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на страниците. Понатаму, https://kupi.licevlice.mk  може да престане да го испраќа било кој дел од информацијата, или било кој вид на информација, може да промени или да укине било каков начин на пренос на податоци, да ја промени брзината на пренос на податоците, како и било која нивна друга карактеристика.

Измена на условите

https://kupi.licevlice.mk го задржува правото во било кое време, и без претходно известување, доколку тоа го смета за потребно, да укине или да измени било кој од овдека наведените Услови за користење и/или Доверливоста на податоците. Ги советуваме корисниците од време на време повторно да ги прочитаат информациите содржани во Условите за користење и документот за Доверливост на податоците, како би останале информирани за таквите измени. Напоменуваме дека доколку дојде до измена на Условите за користење и Доверливост на податоците и вие продолжите да ги користите нашите Интернет страници, се подразбира дека ги прифаќате двата документи – Условите за користење и Доверливост кои се важечки во моментот.

Било каква измена или бришење на условите и правилата на користење ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на страниците. Било какво користење на овие Интернет страници од страна на крајниот корисник по таквата објава ќе се подразбира како прифаќање на тие измени.

Опрема

Крајниот корисник е одговорен за набавката и одржувањето на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го целокупниот софтвер и хардвер кој го поседува и кој го користи, како и друга опрема, која е потребна за пристап и користење на овие Интернет страници, како и поврзаните трошоци со сето тоа.  https://kupi.licevlice.mk не е одговорна за било какво оштетување на опремата на Крајниот корисник, која може да настане како последица од користењето на оваа интернет страница.

Однесување на купувачот

https://kupi.licevlice.mk e сопственост на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“. Целокупната меѓусебна комуникациија и интеракција која се одвива преку овaa интернет страница мора да биде во согласност со овие Услови за користење. Иако ја поддржуваме и поттикнуваме комуникацијата и меѓусебната интеракција на корисниците преку https://kupi.licevlice.mk, бараме и очекуваме од сите корисници, сите нивни активности во врска со користењето на овaa инернет страница да бидат во согласност со позитивните прописи на Северна Република Македонија. Крајните корисници не смеат преку оваа интернет страница да објавуваат или пренесуваат било какви материјали кои ги загрозуваат, или на било кој начин ги кршат правата на другите, било каков материјал кој по својата природа е незаконски, загрозувачки, навредлив, клеветнички, кој ја нарушува или загрозува приватноста, кој е вулгарен, или на друг начин непожелен во одмерената комуникација, кој поттикнува на противправни активности, или на друг начин крши било каков пропис и кој без изречно, претходно и писмено одобрение од https://kupi.licevlice.mk содржи огласување или понуда на било чии производи и услуги. Било какво однесување на купувачите кое по дискрециона оцена на https://kupi.licevlice.mk го ограничува или оневозможува било кој друг купувач во користењето или уживањето на оваа интернет страница е забрането.
Крајниот корисник не смее да ја користи https://kupi.licevlice.mk за огласување или изведување на било каква комерцијална, верска, политичка или некомерцијална пропаганда.

Интелектуална сопственост

Сите материјали кои се наоѓаат на  https://kupi.licevlice.mk се ексклузивно право на „Лице в лице“ и на издавачот „Паблик“, или се користат со одобрение на носителот на авторските права и на носителите на трговските марки и/или дизајни.
Било какво копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабинско поврзување, или на друг начин менување на оваа интернет страница без  посебно писмено одобрение од „Лице  в лице“ и од „Паблик“  e забрането. Било какво кршење на овие услови, кое може да има како последица повреда на авторските права, правото на трговска марка, или право на било кој друг облик на интелектуална сопственост може да доведе до покренување на граѓански или трговски постапки и/или до кривичен прогон против сторителот.

Оваа интернет страница содржи материјали заштитени со авторско право, трговска марка, дизајн и други информации кои се покриени со други права на физички и правни лица, вклучувајќи, но неограничувајќи се на текстови, софтвер, фотографии, видео материјали, графика, музика, звук, како и целокупната содржина на носителот на авторските права, во согласност со прописите на Северна Република Македонија. „Лице в лице“ е носител на авторските права во врска со изборот, координацијата, поставувањето и унапредувањето на таквата содржина, како и на правата во врска со оригиналната содржина. Крајниот корисник не смее да: менува, објавува, пренесува, учествува во преносот или продажбата, преработува или адаптира, или на било кој начин да користи било која содржина, во целост или делумно. Крајниот корисник може да ги презема, печати и подготвува материјалите заштитени со авторско право само со цел за своја сопствена употреба. Не е дозволено копирање, редистрибуција, повторен пренос, издавање или комерцијално искористување на преземениот материјал без посебно писмено одобрение на „Лице в лице“, „Паблик“ , и носителот на авторското право.

Крајниот корисник нема на овие интернет страници да поставува, објавува или на друг начин да прави достапен било каков материјал кој подлежи на авторско право, трговска марка, или други права на интелектуална сопственост, без посебно одобрение на носителите на тие права.  „Лице  влице“ пак, нема никаква обврска да го известува Крајниот корисник, или да му помага во одредувањето на тоа дали некој материјал подлежи на авторско право. Крајниот корисник е единствено и исклучиво одговорен за штетата која може да настане со повредата на авторските права, злоупотребата на трговската марка и на други права на интелектуална сопственост , или било какви проблеми настанати во врска со објавувањето на таков материјал. Крајниот корисник му дава право на „Лице в лице“  да го менува, копира, објавува и дистрибуира било кој материјал, кој крајниот корисник ќе го направи достапен на овие Интернет страници.

Условите наведени во ова Поглавје подеднакво се однесуваат во корист на https://kupi.licevlice.mk, на „Лице в лице“ и на „Паблик“ и секое од нив има право директно и во свое име да ги спроведува тие услови.

Изјава за гаранција и ограничување на одговорноста

Крајниот корисник се согласува дека користењето на овие интернет страници е исклучиво на одговорност на крајниот корисник. Ниту „Лице в лице“, „Паблик“ ниту е-продавницата https://kupi.licevlice.mk, како ниту еден од нивните вработени, агенти, трети даватели на услуги или лиценцирани друштва не гарантираат дека користењето на овие интернет страници нема да биде прекината, или дека ќе биде без грешки; Исто така, тие не гарантираат за (1) последиците кои можат да настанат со користењето на овие интернет страници, или (2) за точноста, сигурноста или содржината на било која информација, услуга или производ даден преку овие интернет страници.

Оваа изјава за одговорност се однесува на сите штети, или можни повреди причинети со било какви лоши особини, грешка, исклучок, прекин, бришење, дефект, каснење со работата или преносот, компјутерски вирус, прекин на комуникациска линија, кражба, уништување или неовластен пристап, промена или злоупотреба на записите, раскинување на договор, несоодветно однесување, небрежност, или со било кое друго дејство.

Крајниот корисник изрично потврдува дека „Лице в лице“ не е одговорно за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата која може да настане како последица на наведеното во потполност лежи на крајниот корисник.

Во ниту еден случај „Лице  в лице“, или друго физичко или правно лице вклучено во создавањето, производството или дистрибуцијата на овие интернет страници, или со нив поврзана содржина, како и било кој софтвер, нема да бидат одговорни за било каква штета која може да настане како последица од користењето, или заради неможност за користење на овие интернет страници. Крајниот корисник изрично потврдува дека условите од ова поглавје се однесуваат на целокупната содржина на овие интернет страници.

Со претходно наведените услови, ниту „Паблик“, ниту неговата подружница, даватели на информации, вработени, или партнери кои ја уредуваат содржината, нема да бидат одговорни, без оглед на причината или траењето, за било која грешка, неточност, или други недостатоци, несоодветност или неизворност, на информациите кои се наоѓаат на овие интернет страници, како и за било какво доцнење или прекин во преносот на информациите до крајниот корисник, за било какво побарување или загуба кои произлегуваат од тоа. Ниту една од горенаведените страни нема да биде одговорна за било какви побарувања или загуби на трети лица, вклучувајќи и изгубена заработка.

„Лице в лице“ и „Паблик“ не се одговорни за било каква содржина која корисникот, претплатникот или неовластениот корисник може да ја постави на овие интернет страници. Било каква содржина која е поставена, а која е или може да се смета за несоодветна, може во секој момент да биде отстранета од страна на „Лице в лице“.  Исто така, „Лице  в лице“ го задржува правото на измена, прилагодување, бришење или отстранување на било која содржина за која ќе оцени дека е несоодветна.

Надзор

„Лице в лице“ има право, но не и обврска, во секој момент да врши надзор над содржината на овие Интернет страници, вклучувајќи и било која chat соба и форум кои би можеле да бидат содржани како дел на овие Интернет страници, а со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на овие Услови за користење, како и на било кои други правила пропишани од страна на „Лице в лице“ и/или „Паблик“, како и усогласеност со било кој соодветен закон, пропис или друг акт.

Без ограничивање од претходно наведените ставки,  „Лице в лице“  го задржува правото на отстранување на било кој материјал, за кој според сопствената дискрециона оценка ќе најде дека не е во согласност со тука поставените правила, или за кој ќе најде дека е дискутабилен на друг начин.

Приватност

Крајниот корисник потврдува дека сите дискусии, оцени, коментари, приватни пораки, chat соби и/или други начини на праќање на пораки или меѓусебно комуницирање (во понатамошниот текст – заедници) се од јавна, а не од приватна природа, и според тоа корисниците на  https://kupi.licevlice.mk можат да вршат надзор над комуникациите на крајниот корисник без нивно знаење и експлицитна дозвола. Со оглед на тоа дека  https://kupi.licevlice.mk не ја контролира или авторизира содржината, пораките или информациите кои можат да се најдат во било која од заедниците,  https://kupi.licevlice.mk специфично негира било каква одговорност во врска со заедниците и за било какви дејствија кои се последица на учеството на крајниот корисник во било која од заедниците, вклучувајќи ја одговорноста за можни спорни содржини.

Било каква комуникација, која крајниот корисник ќе ја објави на системот  https://kupi.licevlice.mk  (било да се работи за chat соба, група за дискусија, форум или слично) се смета дека не е доверлива. Доколку определени web страници дозволуваат објавување на комуникации кои  https://kupi.licevlice.mk ги третира како доверливи, тој факт ќе биде наведен на тие страници. Со објавувањето на коментарите, пораките или други информации на оваа Интернет страница, крајниот корисник му дава на „Лице  в лице“ и на https://kupi.licevlice.mk  право на користење на тие коментари, пораки или други информации со цел за промоции, огласувања, истражување на пазарот, или за било која друга правно дозволена намена. За повеќе информации погледнете ја Изјавата за доверливост на податоците на https://kupi.licevlice.mk и веб страницата на  „Лице в лице“  https://licevlice.mk.

Надомест на штета

Крајниот корисник се согласува дека ќе го обештети и нема да го смета за одговорни „Лице в лице“ и „Паблик“, ниту е-продавницата https://kupi.licevlice.mk, нивните одговорни лица, вработени и агенти, за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи ги трошоците за правно застапување, а кои можат да настанат со користењето на овие Интернет страници од страна на крајниот корисник.

Прекин на деловниот однос

„Лице в лице“ и https://kupi.licevlice.mk  може да го раскине деловниот однос со било кој свој краен корисник во било кое време.  „Лице в лице“ и https://kupi.licevlice.mk го задржува правото моментално да укине било која лозинка, или кориснички профил на крајниот корисник во случај на било какво однесување на крајниот корисник, кое „Лице в лице“,  според својата дискрециона оцена го смета како неприфатливо, како и во секој случај на непочитување на овие Услови од страна на Крајниот корисник. Во случај на укинување на лозинки или кориснички профили условите од претходните поглавја нема да престанат да важат помеѓу крајниот корисник и  https://kupi.licevlice.mk.

Содржина на трети лица

Било какви мислења, совети, изјави, услуги, понуди, или други информации или содржини поставени од трети лица, вклучувајќи и јавни даватели на информации, или било кои крајни корисници, кои доаѓаат од соодветните автори или дистрибутери, а не од „Лице  в лице“, „Лице в лице“ не гарантира за точноста, потполноста, или корисноста на било која содржина, како ни за нивната можност за продажба или соодветност за било која определена намена.

Во многу случаи, содржината која е достапна на овие Интернет страници претставува мислење и оценка на соодветниот давател на информацијата, крајниот корисник или друг корисник кој не е во договорен однос со „Лице  в лице“.  Под било какви услови, „Лице в лице“  нема да биде одговорно за било каква загуба или штета настаната со тоа што крајниот корисник се потпрел на информација добиена преку системот на е-продавницата https://kupi.licevlice.mk . На крајниот корисник паѓа целата одговорност да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, став, совет или друга содржина која е достапна овде.

Разно

Насловите на Поглавјата користени во овие Услови за користење служат само заради полесна ориентација и на било кој начин не влијаат на толкувањето на содржината која се наоѓа во нив. Доколку надлежниот суд пронајде дека било која одредба од овие Услови е ништовна, таквата ништовност нема да влијае на валидноста и важноста на било која друга одредба од овие Услови, и преостанатите делови на овие Услови ќе останат на сила.

Доколку било која страна не ги искористи своите права од овие Услови, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, како ни на било кои други тука наведени права.

Правните спорови кои можат да настанат како последица на користењето на овие Интернет страници (освен доколку со посебен договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на судот и се решаваат во согласност со позитивните прописи. Со користењето на овие Интернет страници крајниот корисник е согласен дека било кој спор или барање кое ќе произлезе или е во врска со овие Услови, или во врска со нивното спроведување, е во надлежност на судот.