Читателите на „Лице в лице“ од Неготино го добиваат списанието од Севда и Верче. Поради пандемијата, тие не можат да продаваат на улица, па најсоодветно решение беше да се активираат преку дополнителна иницијатива. Така, заедно со останатите нивни пријатели од заедницата во Неготино, со поддршка на „Порака Неготино“ Неготино, изработуваат платнени заштитни маски.

Со внес на код KupivOdPorakaNegotino во полето за купон, со купено списание или годишна претплата, од вредните раце на Севда и Верче, добивате заштитна маска која е изработена со многу љубов и посветеност.

– И двете сме многу комуникативни и многу ни недостига продажбата на терен, но со изработката на маските, не само што сме креативни и ангажирани, туку и се грижиме сите да сме заштитени од вирусот – велат Севда и Верче

Приказната за девојките од Порака Неготино – Неготино, прочитајте ја на овој линк.

Видете ги опциве подолу, а потоа наполнете ја кошничката и прегледајте ја. При прегледот во полето за внес на код на купувач, внесете го кодо KupivOdPorakaNegotino. Така, Верче и Севда ќе знаат дека сте нивен верен купувач.