Магазин

Луѓето ме познаваат по униформата, тоа многу ме радува!

Време на читање: 2 минути
- банер -

Се­ко­ја промена е чудна на почетокот, но прекрасна на крајот. Тоа помеѓу е зоната во која растеме. Ова е патот што го поминува и ранливиот сограѓанин кон целта да стане работно интегрирано ли­це што е економски и социјално засилено.  Сте се прашале ли кои се продавачите на „Лице в ли­це“ надвор од униформата и зошто останале истрајни во процесот на работната интеграција?
Мен­тор­ски­те средби што се специјално дизајнирани за продавачите на уличното списание се инс­пи­ра­ци­ја и поттик за да се постави токму ова прашање, да се роди љубопитноста за интересите, жел­би­те и за нивните приказни, затоа што сите ние ги имаме.

На овој начин, со низа прашања и фотографии го претставуваме Алмир Мустафа, продавачот со харизма на која сите „паѓаме“! ☺
Ал­мир е продавач на списанието од 2015 година, со неколку паузи поради непредвидливоста на жи­во­тот, но тој со неговата харизма и ненаметливост, тивко, а смело повторно освојува свои те­ри­то­рии.

Та­тко е на три деца, Муксин (4 години ), Един (2 години) и Амин (5 месеци), а самиот вели дека парт­нер­ка­та Кадрие ја чува како вистинска кралица. И двајцата се трудат да бидат добри ро­ди­те­ли, кои ќе ги научат своите деца на вредности. На прашањето како би се опишал себеси, низ нас­ме­вка одговара:

– Ух, како да почнам… Најтешко ми е кога треба да зборувам. Добар човек сум, чесен, сакам да ра­бо­там, ама не во политика. И, не лажам, освен тебе Ема, кога сум ти задоцнил на средбите за ко­ор­ди­на­ци­ја – почна да раскажува Алмир со доза трема, но и љубопитност за прашањата.

- банер -

Го пренесуваме интересното патување низ кое го запознаваме Алмир, на поинаков начин.

Што би работел ако не беше продавач на „Лице в лице“?
– Ќе бев тоа што ме учеше вујко ми – молер. А ако ме прашаш зошто молер, затоа што сакам кога пра­вам промена и кога од неуредно станува чисто и бело. Многу ја сакам промената.

Те­шко ли е да се продава улично списание? Опиши го искуството.
– За мене воопшто не е тешко. Ме радуваа оваа работа. Сум имал искуство да работам и да по­ма­гам, ама многу сакам што кога продавам „Лице в лице“ излегувам и се враќам чист. Се движам ме­ѓу убави луѓе, а тие го уважуваат тоа што го работам. А има многу случки од терен!

Оми­ле­но место за продавање
– 
Мо­ја­та локација е на плоштадот во Скопје, таму ми е најубаво!Спо­де­ли интересна случка од терен
– 
Мно­гу ми е интересно кога правам пауза од работа и седнувам да пијам кафе во кафулињата. Газ­ди­те и персоналот ме честат бидејќи ме знаат по „Лице в лице“ и униформата. Еднаш додека го че­кав кафето дојде еден човек и ми купи од маса, обратна ситуација – јас одморав, а тој дојде да ку­пи од мене, не отидов јас кај него

Ка­ко и каде сакаш да го пиеш првото кафе?
– 
Во „Џино“. Особено кога е лето. Со вработените многу се почитуваме и уживам во нивно друш­тво.

Прочитајте го целото интервју во новиот 45ти број на Лице в лице

Напишете коментар