Доза вести

Да создадеме нова генерација еколошки свесни граѓани: Пријавете се за спонзорство и партнерство за „Боренка“

„Боренка“ е најголемата волонтерска акција за пошумување на опожарени подрачја и претставува чекор кон поголема еколошка едукација за младите во земјава. Со спонзорирање на „Боренка“, вашата компанија може да придонесе за засадување на десетици илјади нови дрвја и обновување на опожарените површини, да ги вклучи вработените во активности за тим билдинг, како и едукација на стотици млади луѓе за заштита на шумите и превенција од пожари.

Учеството во програмата за садење „Боренка“,  може да ги вклучи вашите вработени и нивните семејства во значајна, практична активност која е од корист за животната средина и ја подига свеста за одржливоста. Вашата поддршка, исто така, може да помогне да го поврзете вашиот бизнис со поголема заедница на поединци, непрофитни организации и владини агенции кои се посветени на зачувување на природните убавини во земјава.

Важноста на корпоративното спонзорство за иницијативата БОРЕНКА

Спонзорирањето на „Боренка“,  не е само инвестиција во иднината на шумите во нашата земја, туку и начин за маркетинг продобивки во насока на посветеноста на вашата компанија за одржливост и корпоративна општествена одговорност. Со партнерство со „Боренка“, вашиот бизнис може да помогне да се инспирира и активира нова генерација еколошки свесни граѓани кои ќе имаат позитивно влијание врз светот.

ПРИДОБИВКИ ЗА СПОНЗОРИТЕ

Директна комуникација до голем број граѓани преку промотивни материјали. Спонзорирано рекламирање е предвидено преку сите промотивни материјали на кампањата (маркетинг кампањата на „Боренка“, пакети Боренка, постери, флаери, промотивни брошури…)

Рекламирање преку интернет страната (www.borеnka.mk) каде граѓаните ги поставуваат своите нацртани дрвја и ги засадуваат во виртуелна шума. Секој спонзор добива и своја спонзорска шума видлива на страната

Рекламирање преку интернет страната на „Лице в лице“ (www.licevlice.mk) единствената Платформа за одржлив развој во земјава, која го издава истоименото улично списание 

Видливост и истакнување на практиките поврзани со акцијата, а кои се дел од корпоративната општествена одговорност на спонзорот преку печатено издание на „Лице  в лице“ – преку ова партнерство, „Лице в лице“ ќе креира едно печатено издание во 9000 тираж (најтиражен печатен медиум во земјава), кое се дистрибуира во Скопје, Струга, Охрид, Битола и во Неготино. Печатеното издание ќе содржи и изјави од одговорни лица од спонзорот и нивната мотивација и влијание во вклучувањето во „Боренка“.

Рекламирање на локациите за садење – рекламите на спонзорите може да се постават на настани за садење, кои ќе се користат за медиумски написи и промотивни видео содржини произведени од организаторите. 

Живи спонзорски шуми – во зависност од бројот на спонзорирани садници во спонзорскиот пакет, спонзорите ќе добијат своја спонзорска шума каде што ќе се садат садниците и која ќе биде посебно означена со името/логото на спонзорот. Спонзорските шуми ќе бидат, на барање на спонзорот, специјално снимени од земја и од воздух.

Сопствена реклама – во зависност од спонзорскиот пакет и желбите на спонзорот, во продукцијата на организаторот ќе бидат креирани прилози со фотографии и видео, кои спонзорите ќе можат да ги користат за свои рекламни потреби. Темата и содржината ќе бидат дефинирани со секој спонзор посебно. Спонзорите, во договор со организаторот, за потребите на сопственото рекламирање, ќе имаат можност да ги користат графичките и визуелните карактеристики на брендот Боренка и другите фото и видео материјали користени во кампањата изработена од организаторот.


УБАВИНАТА НА „БОРЕНКА“
ЕДИНСТВЕНАТА БОЕНКА КОЈА ВРАЌА ЖИВОТ!
За што е наменет спонзорскиот пакет?

Превоз на волонтери од други делови на земјава до локациите за садење

Храна и пијалак за волонтери

Набавка и транспорт на садници

Промотивни материјали за волонтери (маици, беџови итн.)

Набавка/изнајмување на опрема за садење (алати, ракавици, хемиски тоалет…)

Фото/видео продукција

Промотивни материјали за кампањата (подготовка, печатење, дистрибуција)

Одржување на веб страната borenka.mk 

Изработка на боренки – едукативни материјали (производство, подготовка, печатење) 

Патни трошоци на организаторите (едукативни тимови, организатори)

Изработка на печатено издание на „Лице в лице“, кое се фокусира на „Боренка“ и темата Граѓаните можат

Креирање и осмислување маркетинг и ПР кампања за „Боренка“

***

Контактирајте нè за детали           
[email protected]k www.licevlice.mk 
+389(0)2 2466 444
 Орце Николов 93/5, Скопје

Text

Description automatically generated                                                                       

***

Сојузот на извидници (СИМ) ја спроведува акцијата „Боренка“  – нацртај го своето дрво во партнерство со ЈП „Национални шуми“ кои обезбедуваат подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење, како и со „Лице в лице“, кои се партнери за прибирање средства, видливост и влијание на активностите и вкучените страни.

Заеднички, го комуницираме развојот и влијанието на оваа акција, активирајќи ги чинителите и вклучувајќи ги на повеќе начини.

„Боренка“ е интерактивна акција што има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за заштита на животната средина, а акциите за садење се одвиваат во пролет и есен. Граѓаните и компаниите можат да се вклучат во акциите на различни начини, вклучувајќи го користењето на боренки – јаглени моливи направени од изгорени дрвја, што се составен дел од едукативните работилници за деца. Покрај волонтирањето, можат да нацртаат свое дрво, да му дадат име и да го засадат во виртуелна шума на borenka.mk.

Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) е непрофитна организација која работи повеќе од 70 години во областа на неформалното образование кај децата и младите луѓе. СИМ имплементира голем број активности со цел едукација на својата целна група, промоција на здрав живот, животни вештини и програми за одржлив развој.

Повеќе за работата на СИМ на
овој линк

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, која функционира како програма на Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“, работи на кревање јавна свест за важни прашања во нашето општество. Веќе 11 години го издава и уличното списание „Лице в лице“, кое е социјално претпријатие што го продаваат ранливи сограѓани, заработувајќи половина од продажната цена.

Напишете коментар