Доза вести

Дина Дуна во новиот број на „лице в лице“

Фотографија: Томислав Георгиев

Филмот „Сестри“ на режисерката и сценаристка Дина Дума, кој се прикажува во киното „Милениум“ во Скопје, од петок ќе биде достапен и на стриминг платформата „Нетфликс“.

Дума е дел од новиот, 48. број на „Лице в лице“, каде објавуваме и интервју со неа. 

– Фил­мот „Сестри“ е инспириран од вистински настани од моите тинејџерски години. Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот, на возраст од 15 до 18 години, кои беа отворени да ги споделат своите приказни на тема: врсничко насилство. Набргу кастингот зазема димензија на сту­дии на случај. Тоа што ги спојуваше нивните при­каз­ни беше стравот дека и ним може да им се случи „Slut-shaming“ и исклучување од оп­штес­тво­то, или да им се повтори. И тоа дека немаат со кого да раз­го­ва­ра­ат за своите проблеми. За жал, работата на психолозите и на педагозите во училиштата се сведува на административна работа во нефункционален систем, а мла­ди­те немаат поддршка и не се здобиваат со потребните алатки за да се соочат со проб­ле­ми­те како што е врсничкото насилство. Проблемот е што траумата останува и остава пос­ле­ди­ци, вели Дума.
„Сестри“ е снимен на урбани локации низ Скопје и претставува приказна за две тинејџерки, чиешто пријателство е ставено на тест кога се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.
Светската премиера на дебитантското издание на Дума се случи на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде што освои Специјална награда на жирито во програмата „Источно од Западот“.
„Сестри“ е и македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар меѓународен филм за 2022 година.

Автор на интервјуто: Анета Ристеска

Прочитајте го целото интервју  ⬇️

Напишете коментар