Доза вести

ЈАДРО го слави својот 10 годишен јубилеј со колективна изложба – „10 години ЈАДРО- сè уште оправдано присутни“!

ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена го слави својот 10 годишен јубилеј со колективна изложба насловена „10 години ЈАДРО – сè уште оправдано присутни“.

Изложбата ќе се одржи на 12 септември, (понеделник), со почеток од 20 часот во просториите на КСП Центар – ЈАДРО.

Организаторите посочуваат дека изложбата е колаж кој ja обединува и претставува дејноста на културните работници здружени во ЈАДРО, кои секојдневно имплементираат современи културни практики и будно, јасно и смело се обидуваат да укажат на нужноста од критичко промислување на социо-културниот контекст и на нужноста за демонополизација на културата и уметноста.

„Веќе една деценија, платформата здружува организации, поединци и неформални групи, кои континуирано обезбедуваат видливост и општествена релевантност на независниот културен сектор преку застапеност на програмски активности, застапување за стабилен развој на секторот, јакнење на неговото влијание во општествениот контекст и развој на алтернативни културни практики на национално, локално и регионално рамниште. Затоа оваа изложба, овој 10 годишен јубилеј, ја слави работата на членките кои дејствуваат во различни културни сектори и заеднички се застапуваат за слободно, одговорно и критичко промислување во јавната сфера“, велат од ЈАДРО.

ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена е непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа која се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократицација во културата и пошироко, во општеството и граѓанскиот сектор.

Повеќе информации за изложбата на следниов ЛИНК.

Back to list

Напишете коментар