Магазин

Како да бидеме најдобрата верзија од себе?

Си­ла­та и истрај­но­ста на чо­веч­ки­от дух во ак­ци­ја, из­во­нред­но­ста  на фил­ма­џи­и­те што осво­и­ја на­гра­да на поз­на­ти­от филм­ски фе­сти­вал „Сан­денс“ или на ма­ке­дон­ски­те прет­при­е­ма­чи пом­ла­ди од 30 го­ди­ни, кои се но­ми­ни­ра­ни за ли­ста­та на „Форбс“, е од­ли­чен по­тсет­ник не са­мо за тоа кои сме, ту­ку и што мо­же­ме да би­де­ме

До­де­ка одам на ра­бо­та во Скоп­је, се­којд­нев­но гле­дам не­што не­ве­ро­јат­но. Сре­до­ве­чен чо­век што ста­нал уште во тем­ни­на за да оди на ра­бо­та за ос­нов­на пла­та и да обез­бе­ди не­што за сво­е­то се­мејс­тво, уче­нич­ка што се сна­о­ѓа низ сне­гот, мра­зот и пар­ки­ра­ни­те авто­мо­би­ли за да стиг­не на­вре­ме на учи­ли­ште, мај­ки и та­тков­ци, кои на ма­ски­те про­тив за­га­ду­ва­ње на сво­и­те де­ца им ста­ви­ле сли­ки од су­пер-хе­рои за да ја раз­ве­драт ло­ша­та си­ту­а­ци­ја. 

Тоа што ва­кви­те на­ви­дум обич­ни сли­ки ги чи­ни не­ве­ро­јат­ни за ме­не е чо­веч­ки­от дух во ак­ци­ја, одб­ли­ску и ре­ал­но. Исти­от дух се гле­да и во из­во­нред­но­ста на фил­ма­џи­и­те што осво­и­ја на­гра­да на поз­на­ти­от филм­ски фе­сти­вал „Сан­денс“, или на ма­ке­дон­ски­те прет­при­е­ма­чи пом­ла­ди од 30 го­ди­ни, кои се но­ми­ни­ра­ни за ли­ста­та на „Форбс“.

Си­ла­та и истрај­но­ста на нив­ни­от дух е од­ли­чен по­тсет­ник не са­мо за тоа кои сме, ту­ку и што мо­же­ме да би­де­ме. Де­ка ду­ри и сре­де тран­зи­ци­ја, ми­гра­ци­ја и пос­тконф­ликт­на со­стој­ба –  мо­же­ме да жи­ве­е­ме спо­ред нај­ви­со­ки­те чо­веч­ки стан­дар­ди.


Че­сто, со си­те пре­диз­ви­ци и стре­со­ви со кои се со­о­чу­ва­ме де­нес, лес­но е да се за­бо­ра­ви де­ка ко­га беа ос­но­ва­ни Обе­ди­не­ти­те на­ции, по­ве­ќе­то оп­штес­тва во све­тот се бо­реа со глад, бо­ле­сти и конф­ли­кти. На­пре­до­кот во при­ста­пот до обра­зо­ва­ние, на­у­ка, чи­ста во­да и еко­ном­ски­от по­раст соз­да­доа свет во кој мно­зинс­тво­то лу­ѓе на пла­не­та­ва ве­ќе не се со­о­чу­ва­ат со ос­нов­на­та бор­ба за оп­ста­нок на на­ши­те пред­ци.

Во 2015 го­ди­на ОН ги усво­и­ја це­ли­те за одрж­лив раз­вој, кои се дел од по­ши­ро­ка­та аген­да, чиј­што фо­кус е по­стиг­ну­ва­ње транс­фор­ма­ци­ја на на­ши­от свет. Си­те зем­ји-член­ки на ОН во све­тот се сог­ла­си­ја да сле­дат за­ед­нич­ки це­ли за бор­ба про­тив си­ро­ма­шти­ја­та, ста­ва­ње крај на кли­мат­ски­те про­ме­ни, спре­чу­ва­ње на се­меј­но­то на­силс­тво и мно­гу дру­ги ас­пи­ра­ции што исто­вре­ме­но се гло­бал­ни и ло­кал­ни, ко­ле­ктив­ни и ин­ди­ви­ду­ал­ни. Во нив се су­ми­ра­ни три­те ос­нов­ни стол­ба на гло­бал­на­та со­ра­бо­тка што ја од­бе­ле­жаа 73-го­диш­на­та исто­ри­ја на ОН: мир, чо­ве­ко­ви пра­ва и чо­веч­ки раз­вој.

И иа­ко прет­ход­ни­те раз­вој­ни це­ли што пр­венс­тве­но беа фо­ку­си­ра­ни на оп­ста­но­кот, ка­ко, на при­мер, на­ма­лу­ва­ње на смрт­но­ста кај но­во­ро­ден­чи­ња­та и кај мај­ки­те, и на­та­му се важ­ни во зем­ји­те опу­сто­ше­ни од си­ро­ма­шти­ја, вој­на или са­мо од ло­шо вла­де­е­ње, со овие це­ли се ар­ти­ку­ли­ра по­комп­лекс­на, по­ве­ќес­лој­на ви­зи­ја за ид­ни­на­та. Нив­на­та при­ро­да не е на­со­че­на са­мо кон оп­ста­но­кот на лу­ѓе­то, ту­ку и кон тоа ка­ко да на­пре­ду­ва­ат и да се раз­ви­ва­ат. Ка­ко да би­де­ме нај­до­бра­та вер­зи­ја на се­бе­? И по­да­ле­ку од тоа, усво­ју­ва­ње­то на це­ли­те зна­че­ше за­лож­ба „ни­кој да не би­де изо­ста­вен“ и „на­по­ри пр­во да се стиг­не до пос­лед­ни­те“. Во пра­кти­ка, ова зна­чи пре­зе­ма­ње експ­ли­цит­на ак­ци­ја за ста­ва­ње крај на ек­стрем­на­та си­ро­ма­шти­ја, на­ма­лу­ва­ње на не­ед­на­кво­сти­те, со­о­чу­ва­ње со ди­скри­ми­на­ци­ја­та и за­бр­зан на­пре­док за пос­лед­ни­те. На овој на­чин, прин­ци­пот „ни­кој да не би­де изо­ста­вен“ го до­ло­ву­ва ду­хот на ЦОР.

Во мо­ја­та ра­бо­та сум имал мож­ност да се срет­нам со раз­лич­ни по­ли­тич­ки, еко­ном­ски и кул­тур­ни кон­тек­сти. По мо­е­то до­а­ѓа­ње во зем­ја­та, осо­бе­но беа впе­чат­ли­ви по­тре­ба­та од ре­фор­ми и оп­шти­от им­пулс за про­ме­ни. Пре­зе­ме­ни се че­ко­ри за зна­чај­ни про­ме­ни во ни­за се­кто­ри. И иа­ко до­ми­нант­ни­те ди­ску­сии за ре­форм­ски­от про­цес се вр­теа око­лу оп­шта­та цел на зем­ја­та фор­мал­но да ста­не дел од европ­ско­то се­мејс­тво, тре­ти­ра­ни­те те­ми се ед­на­кво су­штин­ски за уна­пре­ду­ва­ње и на аген­да­та на це­ли­те за одрж­лив раз­вој (ЦОР). Всуш­ност, пре­ку да­ва­ње при­о­ри­тет на бор­ба­та про­тив си­ро­ма­шти­ја­та, не­вра­бо­те­но­ста, кли­мат­ски­те про­ме­ни и уна­пре­ду­ва­ње на обра­зо­ва­ни­е­то, упра­ву­ва­ње­то и пра­во­судс­тво­то, зем­ја­та се приб­ли­жу­ва и до две­те пла­тфор­ми. Пре­свр­тот на со­стој­ба­та со ви­со­ка­та стап­ка на си­ро­ма­шти­ја и не­вра­бо­те­ност, алар­мант­ни­те ни­воа на за­га­ду­ва­ње и сла­бо­то обра­зо­ва­ние се вкло­пу­ва ка­ко во сле­де­ње­то на ЦОР, та­ка и во на­по­ри­те за при­стап во ЕУ. Ва­ква­та усог­ла­се­ност на про­це­сот се одра­зу­ва и во за­да­чи­те за обез­бе­ду­ва­ње прав­да и об­но­ву­ва­ње на до­вер­ба­та во ин­сти­ту­ци­и­те, кои, пак, од сво­ја стра­на, има­ат ка­па­ци­тет за из­во­нред­ност.  На не­кој на­чин, ова ни ја по­ка­жу­ва уни­вер­зал­но­ста на це­ли­те за одрж­лив раз­вој, ка­ко и де­ка на кра­јот, тие, ед­но­став­но, ар­ти­ку­ли­ра­ат ви­зи­ја за свет во кој се­кој чо­век има мож­ност за до­сто­инс­твен жи­вот.

Се­мејс­тво­то на ОН, за­ед­но со ЕУ и со дру­ги­те парт­не­ри, ги под­др­жу­ва вла­да­та и оп­штес­тво­то за по­стиг­ну­ва­ње ре­зул­та­ти и дви­же­ње во на­со­ка на ос­тва­ру­ва­ње на ЦОР. Но, тре­ба да за­пом­ни­ме де­ка це­ли­те се са­мо рам­ка за ас­пи­ра­ци­и­те што ги има се­кој ма­ке­дон­ски гра­ѓа­нин.

Во су­шти­на, се ра­бо­ти за тоа да за­мис­ли­ме свет во кој на­ши­те де­ца ќе до­би­јат пр­вок­лас­но обра­зо­ва­ние што ќе ги под­го­тви за при­стој­на ра­бо­та, свет во кој се­мејс­тва­та ќе цве­та­ат, си­те ќе ди­ше­ме чист воз­дух и ќе ве­ру­ва­ме де­ка ќе нѐ тре­ти­ра­ат пра­вед­но и до­сто­инс­тве­но низ це­ли­от жи­вот. Се ра­бо­ти за тоа да жи­ве­е­ме ка­ко нај­до­бра вер­зи­ја од се­бе. Не се ра­бо­ти са­мо за лу­ѓе­то во Скоп­је, ту­ку и во Те­то­во и во Тим­ја­ник, ни­ту, пак, ста­ну­ва збор са­мо за ед­на одре­де­на гру­па… Оваа ви­зи­ја е за си­те на­ши гра­ѓа­ни се­ко­гаш и на­се­ка­де. И мо­же­ме да ја ос­тва­ри­ме за­ед­но.

(Авто­рот е прет­став­ник на УНИЦЕФ)

Напишете коментар