Доза вести

„Неизложени слики“ на Сергеј Андреевски во МАНУ

В четврток, во 20 часот, во Ликовниот салон на МАНУ, свечено ќе биде отворена изложбата „Неизложени слики“ на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски. Како што впрочем најавува и самиот наслов, на изложбата ќе бидат поставени слики, до сега неизложени пред љубителите на ликовната уметност во земјава.

Дел од сликите од циклусите „Цвеќулиња“, „Кучињата лаат“, „Коњи“, „Рибари“ и др. прошетаа низ САД, ги виде публиката во Москва, Берлин, Нирнберг, Љубљана, Сомбор… Дел се изработени на сликарски перформанси на Андреевски (со македонската Филхармонија, со Влатко Стефановски, со „Љубојна“, со Џијан Емин, со „Мајовци“ и со музичари од Германија и Унгарија), други на гостувања на ликовни колонии и резиденции во светот и дома, а некои од нив, од ателјето директно заминале во приватни колекции и институции.

Изложбата ќе биде отворена до 22 ноември.

Напишете коментар