Доза вести

Онлајн прогласување на победници од натпреварот „Зелени идеи“ 2020

Здружението за социјални иноваци „АРНО” денеска на онлај настан ќе ги прогласи победниците од националниот натпревар „Зелени идеи” 2020, што се одржува шеста година по ред.

Поради КОВИД-19 и во интерес на општото здравје и безбедност, сите заинтересирани може да го проследат церемонијалниот дел и прогласувањето на победниците на следниот линк.

Досега нашата земја има регионални победници и вкупна инвестиција од 60.000 долари за развој на зелени бизниси во земјата.

– Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја” (2015), инцијативата за репарирање на стар мебел која прерасна во мал бизнис воден од архитектката Марта Мојсова -„СПИН” (2016), платформата за продажба на евтини оброци „Храна за сите” (2017), зелениот бизнис „Грин меџик продакшн”  кој спроведува едукација преку илузионистички еко-пораки (2017), и минатогодишните победници „Био смарт ориз” –производство на ориз на одржлив начин (2019) и „Challenger”- мобилна апликација која ги наградува граѓаните кои собираат велосипедски и испешачени зелени километри (2019), информираат од „АРНО”.

Натпреварот „Зелени идеи” е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални и зелени, одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, С. Македонија, Црна Гора , Србија ,Босна и Херцеговина и Грција. Победниците на националните натпревари, по три од секоја земја, се натпреваруваат на регионален натпревар за награди во вредност од 5.000 или 10.000 долари, што се одржува од 2012-та година во рамки на програмата за Западен Балкан финансирана од фондот на браќата Рокфелер (САД).

Напишете коментар