Приказ на еден резултат

#53 Лице в лице – печатено издание

100 ден

Луѓе за работа има, да им ги зајакнеме вештините!

Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на решенијата за градење инклузивен пазар на труд. Изданието тргнува од предизвиците за недостаток од работна сила, а зборува за потенцијалот на групи сограѓани кои долго време не се гледаат како дел од решението – Роми, лица со попречености, млади работници без искуства и со нови потреби, самохрани родители, жени кои преживеале насилство, лица кои што долго биле исклучени од пазарот на трудот и многу други ранливи сограѓани. Отсуство од пазарот на труд, ги прави поразлични, а нив им е потребно време за адаптација, и поддршка која е адресирана преку менторство, надворешно – од социјален ментор и внатрешно, од ментор за професионална интеграција на работното место. Инклузивноста и инклузивните работни места се новиот потенцијал на бизнисот да привлекува и да задржува вработени и новиот потенцијал што ќе го овозможува неговиот развој.