Лице в лице тема

Про­ме­ни­те во обра­зо­ва­ни­е­то поч­ну­ва­ат со пот­тик­ну­ва­ње на кре­а­тив­но­ста кај на­став­ни­кот

Време на читање: 2 минути
- банер -

Ако са­ка­ме да ка­же­ме де­ка на­ше­то учи­ли­ште е со­вре­ме­но, тоа мо­ра да ста­не учи­ли­ште на фил­мот, те­ле­ви­зи­ја­та, ра­ди­о­то, ин­тер­не­тот, на актив­но и ин­те­ра­ктив­но уче­ње, на фле­кси­бил­на ор­га­ни­за­ци­ја, на на­ста­ва на раз­лич­ни ни­воа на сло­же­ност и по мер­а на уче­ни­кот

Ми­рос­лав Ми­тиќ

илустрација: Зоран Инадески

Да се би­де на­став­ник зна­чи да се би­де мо­дел. Не­го­ви­те збо­ро­ви и де­ла тре­ба се­ко­гаш да се сов­па­ѓа­ат и ме­ѓу­себ­но да се по­твр­ду­ва­ат. Ви­стин­ски­от на­став­ник го ка­ра­кте­ри­зи­ра и под­го­тве­ност по­сто­ја­но да се усо­вр­шу­ва и обра­зу­ва, а не­го­ви­от кре­а­ти­вен при­стап е ос­но­ва за раз­вој на кре­а­ти­вен уче­ник.

Пр­ви­от че­кор во кре­а­тив­на­та на­ста­ва е обра­зо­вен про­цес што не тре­ба да нѐ за­ду­шу­ва. На­про­тив, тре­ба да нѐ пот­тик­ну­ва. Кре­а­тив­но­ста, пак, најм­но­гу за­ви­си од пер­и­о­дот од­во­ен за под­го­то­вка, истра­жу­ва­ње, со­би­ра­ње ин­фор­ма­ции и ма­те­ри­ја­ли, мо­мен­тот на инс­пи­ра­ци­ја, кој нѐ до­ве­ду­ва до ре­ше­ние, че­сто при­дру­жен со емо­ции и, на кра­јот – пер­и­о­дот на ева­лу­а­ци­ја. Во це­ли­от овој про­цес, за на­став­ни­кот е нај­важ­на не­го­ва­та са­мо­до­вер­ба, отво­ре­но­ста за но­ви идеи, чув­стви­тел­но­ста за проб­ле­ми­те, ори­ги­нал­но­ста на иде­ја­та и фле­кси­бил­но­ста.

- банер -

На­став­ни­ци­те што ра­бо­тат во око­ли­на што е не­по­вол­на за кре­а­тив­но изра­зу­ва­ње не мо­жат да од­го­во­рат на овој пре­диз­вик, кој е од го­ле­ма важ­ност за уче­ни­ци­те. Неопходно е кре­а­тив­ни­от на­став­ник да се по­све­ти на стрп­ли­во и упор­но диз­ја­ни­ра­ње на ку­ри­ку­лу­мот, на под­го­то­вка на ма­те­ри­ја­ли­те, ка­ко и на фор­ми­ра­ње актив­но­сти за уче­ни­ци­те. Всуш­ност, про­ме­ни­те во обра­зо­ва­ни­е­то поч­ну­ва­ат со пот­тик­ну­ва­ње на кре­а­тив­но­ста на на­став­ни­кот, ка­ко ва­жен пре­дус­лов за кре­а­тив­но­то уче­ње. И за­тоа, еден од про­це­си­те на кои тре­ба да се вни­ма­ва е обра­зо­ва­ни­е­то на ид­ни­от на­став­ник.  

Со учес­тво во кре­а­тив­на­та на­ста­ва, уче­ни­ци­те до­не­су­ва­ат одре­де­ни стра­те­гии и тие се обу­че­ни за нив­на упо­тре­ба во ид­на­та пра­кти­ка. Кре­а­тив­но­ста, всуш­ност, е ед­на од ос­нов­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на чо­веш­тво­то.  Во со­вре­ме­ни­от свет, ко­га про­ме­ни­те се тол­ку че­сти и не­пред­вид­ли­ви, ток­му пот­пи­ра­ње­то на кре­а­тив­ностa има по­себ­но зна­че­ње за жи­во­тот во све­тот што се ме­ну­ва.
Тоа што ја за­ду­шу­ва кре­а­тив­на­та на­ста­ва e не­по­треб­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја.  Де­нес на­став­ни­ци­те се пре­оп­то­ва­ре­ни со не­по­треб­ни ра­бо­ти ме­сто да ја истак­нат обра­зов­на­та ди­мен­зи­ја и да го пре­не­сат ен­ту­зи­јаз­мот за уче­ње врз де­ца­та.

Че­сто слу­ша­ме де­ка ако са­ка­ме со­вре­ме­на на­ста­ва – мо­ра да има­ме и со­вре­ме­ни на­став­ни­ци, кои се спо­соб­ни ефи­кас­но да ги из­ве­ду­ва­ат си­те ви­до­ви на­ста­ва. Де­нес, ако са­ка­ме да ка­же­ме де­ка на­ше­то учи­ли­ште е со­вре­ме­но, тоа мо­ра да ста­не учи­ли­ште на фил­мот, те­ле­ви­зи­ја­та, ра­ди­о­то, ин­тер­не­тот, на актив­но и ин­те­ра­ктив­но уче­ње, на фле­кси­бил­на ор­га­ни­за­ци­ја, на на­ста­ва на раз­лич­ни ни­воа на сло­же­ност и по ме­ра на уче­ни­кот.

(Авто­рот е од­де­лен­ски на­став­ник во ОУ „Кли­мент Охрид­ски“, Скоп­је)

Напишете коментар