Доза вести

Промоција на водич за известување во случаи на родово засновано насилство во медиумите

Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, заедно со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Коалицијата Маргини и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, организираат заедничка промоција на „Водич за мониторинг на регулаторното тело за медиуми на Северна Македонија за регулирање и мониторинг на примената на стандардите за известување во случаи на родово засновано насилство во медиумите“,  што ќе се одржи на 11 ноември 2021 година, онлајн на платформата Bluejeans. На промоцијата накусо ќе бидат презентирани публикациите и целите кои треба да се постигнат. 

Водичот е изработен од страна на меѓународна експертка од Советот на Европа. Бидејќи родово заснованото насилство е комплексна тема, на која е потребно да се работи со сите чинители и на секое ниво, Коалицијата Маргини, со поддршка на Хајнрик Бел Фондацијата, изработи истражување на медиумското покривање на темите поврзани со ЛГБТИ заедницата и родово базираното насилство, а ХОПС/UN Women изработија Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите.

Како дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален
инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, Програмската канцеларија на Советот
на Европа во Скопје го имплементира проектот „Слобода на изразување и слобода на
медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“. Во рамки на проектот, Советот на Европа ја
поддржува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Северна Македонија во
имплементацијата на нејзините активности.

Инструкции за приклучување: Meeting URL: https://bluejeans.com/60085491…
Meeting ID: 600 854 915 / Participant Passcode: 6417

Напишете коментар