Доза вести

Ранливи семејства ќе добијат уреди за телемедицина  

Време на читање: 2 минути

Иновативниот и сеопфатниот пристап со уредите за далечинско следење, од закажување и виртуелна посета до план за здравствена заштита, не е само заштеда на време, туку и заштита од стрес, и се смета дека семејствата ќе се заштитат од финансиските трошоци за патување и од чекањето во здравствени установи
- банер -

Педесетина уреди за следење на здравјето од далечина ќе им бидат обезбедени на ранливи семејства и ќе ги користат лекари обучени за давање телемедицински услуги.
Иницијативата има за цел да обезбеди алтернативи на традиционалните здравствени консултации лице в лице во случаите кога физичкото присуство не е можно или не е потребно, и да го зголеми правичниот пристап до здравствените услуги.

Лекарите со  помош на уредите за следење на здравјето од далечина ќе можат да го прошират клиничкиот опфат надвор од четирите ѕида на клиниката. Тие ќе можат да вршат физички прегледи на пациентите од далечина за да дијагностицираат акутни состојби како што се: ушни инфекции, воспалено грло, треска, настинка и грип, алергии, стомачни проблеми, инфекции на горните дишни патишта и осипи. Една од клучните предности е следењето на хроничните состојби кај најранливите и контрола и следење на  пациентите по спроведените процедури, вклучувајќи го и КОВИД-19.

Лекарите во земјата се служат со телефон или видео-конференции за да обезбедат телемедицински услуги, но тоа е ограничено на испитување и дијагностицирање на пациентот, без предноста што ја дава физичкиот преглед. Новите уреди за далечинско следење сега ќе им овозможат на лекарите да направат преглед на срцето и белите дробови на пациентот со висококвалитетни дигитални звуци; на ушите, грлото и кожата со висококвалитетни дигитални слики и видео; и да го измерат отчукувањето на срцето и телесната температура.

- банер -

Иновативниот и сеопфатниот пристап со уредите за далечинско следење, од закажување и виртуелна посета до план за здравствена заштита, не е само заштеда на време, туку и заштита од стрес, и се смета дека семејствата ќе се заштитат од финансиските трошоци за патување и од чекањето во здравствени установи. Овој пристап  може да помогне да се спречи непотребното упатување на пациентите помеѓу различните нивоа на здравствени услуги и да се намалат прегледите со физичко присуство, што е од голема важност за пациентите за кои честото движење претставува товар и ризик.

Оваа активност е во склоп на пилот-иницијатива на Министерството за здравство, откако Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) обезбедија вакви уреди кои ќе им овозможат на лекарите да вршат физички прегледи од далечина.

Image by macrovector_official on Freepik

Тука прочитајте повеќе за темата дигитализација во здравството во интервјуто кое е дел од новото издание на „Лице в лице“

Напишете коментар