Магазин

Социјална правда сега, за подобо утре!

НА ГЛОБАЛНО НИВО, ВКУПНО 6 ОД 10 РАБОТНИЦИ СЕ НЕПРИЈАВЕНИ. ТИЕ НЕМААТ ПРАВА, НЕМААТ ГЛАС, И НЕМААТ ДОВОЛНО ПРИХОДИ ЗА ДА ИЗЛЕЗАТ ОД СИРОМАШТИЈАТА. ТРАНЗИЦИЈАТА КОН ФОРМАЛНАТА ЕКОНОМИЈА МОРА ДА БИДЕ ПРИОРИТЕТ ДОКОЛКУ САКАМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Кога сите граѓан(к)и во едно општество ги имаат истите права, обврски, можности и придобивки за да може достојно да живеат и да напредуваат, тогаш, зборуваме за постигната социјална правда
Податок на Меѓународната организација на трудот, посочува на податок од анкета на работна сила, во вториот квартал изминатава година, 102.800 од работниците заработуваат за живот во неформална економија. Податоците на Државниот завод за статистика пак, посочуваат дека најголем дел од работниците во неформалниот сектор се на возраст помеѓу 25 – 54 години, а речиси 69 проценти се мажи.

Неформалната економија во земјава учествува со значаен процент во Бруто домашниот производ. Различни показатели и постоечки истражувања укажуваат на процент кој се движи помеѓу 20% и 40% од БДП, што претставува значајно високо учество.

Непријавената работа е еден од најважните сегменти на неформалната економија кај нас. Ваквата состојба е условена од неповолните услови на пазарот на трудот, како што се бавното отворање нови работни места, контиунирано високата стапка на невработеност и стапката на неактивност. Работниците во неформалната економија се ангажирани во лошо платена работа, несигурност, недостаток на заштита на работното место, недостаток на можности за обука, кршење на работничките права итн. 

На глобално ниво, вкупно 6 од 10 работници се непријавени. Тие немаат права, немаат глас, и немаат доволно приходи за да излезат од сиромаштијата. Транзицијата кон формалната економија мора да биде приоритет доколку сакаме да постигнеме социјална правда.

Неформалниот сектор претставува важен дел од економијата и од пазарот на труд. Во многу земјиигра голема улога во создавањето вработувања, производството и генерирањето приход. За најголем дел од работниците и за економските субјекти, неформалноста не е избор, туку неизбежност во која тие се втурнати поради недостиг од пристојни, формални работни места. Повеќето работници се непријавени не поради сопствен избор, туку поради недостиг на можностиза достоинствена работа. Кризата предизвикана од COVID19 ги разоткри нееднаквостите што веќе постоеја. Ги влоши, и особено ги погоди ранливите работници, жените и младите. Заеднички, владите, работодавачите и работниците може да придонесат кон закрепнување од кризата со фокус на луѓето, со цел социјалната правда да стане реалност.

Новото, 49. издание на „Лице в лице“ излегува наскоро и се фокусира на темата социјална правда.

Напишете коментар