Доза вести

Средношколци од Хрватска, Литванија и Македонија со заеднички настан во „Корчагин“

Во петок (6 мај) во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ во 10 часот ќе се одржи завршниот настан од проектот за развој на образование за социјалното претприемништво кој го координира здружението за социјални иновации АРНО во партнерство со училишта од трите земји, а во рамки на проектот „SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво“

Идејата на настанот е да ги повика сите поддржувачи на социјалното претприемништво преку симболичен гест (садење на еко-картички од кои расте цвеќе пркос) да се обратат на присутните и да ги посадат заедно семињата на социјалното претприемништво. Покрај садењето на картичките, предвидени се мини креативни работилници и забава и едукација преку магионичарски еко-настап“, велат организаторите на настанот, здружението за социјални иновации АРНО.

Како дел од настанот предвидена се кратки обраќања на претставник од координаторската организација- АРНО (Ирина Јаневска), претставник од донаторот- Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (директор Марко Ѓоргиевски), директорот на училиштето-домаќин (Драган Арсовски), тим лидерката на ЕУ проектот „Поттикнување на социјалното претприемништво“ (Барбара Садовска), еко-магионичарот-поранешен ученик во СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“ (Кристиан Шопов), професорите и учениците од 3-те училишта (од Македонија, Литванија и Хрватска).

Проектот „SEED – Проект за развој на образование за социјалното претприемништво“ е дизајниран да им овозможи на учениците да станат идни социјални претприемачи. Преку проектот SEED, во период од 24 месеци, младите луѓе учат основни вештини за водење бизнис, а исто така учат и за филантропија, креативност, лидерство и тимска работа. Главната цел на SEED проектот е да го доближи уште поблиску претприемничкото образование до учениците преку нудење на знаења и вештини за новиот бизнис модел на социјални претпријатија како дел од училишниот предмет „Претприемништво“, кој се предава во 3-те партнерски училишта (Хрватска, Литванија, Северна Македонија). Проектот го координира Здружението за социјални иновации „АРНО“ во партнерство со училиштата од трите земји и граѓанската организација „GoGreen Belgium“ од Белгија, и истиот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Еразмус +.

Напишете коментар