Доза вести

Честитај и итај кон промена!

Седма година по ред, списанието за одржлив развој „Лице в Лице“, на Новата година ѝ дава една дополнителна димензија, покрај онаа основната, празничната.
Со новогодишните мотиви, освен што потсетува на магијата, „Лице в лице“ повикува поискрено и попосветено да се осврнеме кон себе, кон најблиските, кон вредностите со кои сме растени, но, и заеднички растеме со младите генерации.

Честитките се направени од рециклирана хартија, со цел да ги практикуваме одржливите решенија,  и се одлична можност да ги прескокнеме брзите и шаблонски електронски пораки, да испратиме искрени и топли желби до сите кои ни се драги и сакани.

Покрај тоа, со купување на честиките #ЛицевЛице стануваме активен чинител во развојот на социјалната економија кај нас, и сите заедно се вклучуваме во движење за одговорна иднина.

Со нивно купување се поддржуваат инклузивните програми наменети за ранливите сограѓани, продавачи на „Лице в лице“.  Всушност, приходот од новогодишните честитки е наша субвенција за креирање општество со еднакви можности за сите граѓани.

Во продолжение ви доближуваме дел од личните приказни врзани за новогодишната магија, но, и за емпатијата, споделени од нашите овогодишни автори/дизајнери на „Лице в лице“ честитките.
Повеќе информации околу начинот на нарачка ќе најдете на линкот: https://licevlice.mk/novogodisni-cestitki

Ва­не Ко­сту­ра­нов

Се се­ќа­вам, се­ко­гаш се ра­ду­вав­ме на ре­де­ње­то на ел­ка­та со лам­пи­о­ни­те што оста­наа не­про­ме­не­ти це­ло­то мое дет­ство. Поз­на­вај­ќи ја мај­ка ми ка­ко ги чу­ва и не­гу­ва ра­бо­ти­те, ве­ру­вам де­ка се во иста со­стој­ба ка­ко и пред 40 го­ди­ни. Во зи­ма, ко­га сѐ е си­во и мрач­но, сне­гот е нај­го­ле­ма ра­дост и инс­пи­ра­ци­ја. Ужи­вам во ти­ши­на­та ко­га па­ѓа снег, ка­ко и во крц­ка­ње­то на сне­гот под ста­па­ла­та во ма­гич­ни­те про­ше­тки. Се раз­би­ра, еден од нај­среќ­ни­те мо­мен­ти бе­ше и раз­ме­ну­ва­ње­то че­сти­тки со дру­гар­чи­ња­та.

Це­ла­та оваа при­каз­на ја пре­не­су­вам пре­ку че­сти­тки­те на „Ли­це в ли­це“, кое е ед­на од ре­тки­те по­зи­тив­ни гра­ѓан­ски ини­ци­ја­ти­ви кај нас, во кои се вклу­чу­ва­ат сѐ по­ве­ќе лу­ѓе и ток­му тие пра­ват зна­чај­на про­ме­на во оп­штес­тво­то.

Вар­ва­ра Ни­ко­ло­ва
Од ма­ла се ра­ду­вам на че­сти­тки. Со дру­гар­ки­те ни бе­ше тра­ди­ци­ја се­ко­ја го­ди­на да си раз­ме­ну­ва­ме че­сти­тки, кои ги оста­вав­ме пред вра­та, ѕво­нев­ме и се кри­ев­ме за да не нѐ ви­ди не­кој. За­тоа и се­кој пат ко­га ќе заѕ­во­не­ше не­кој на вра­та, тр­чав­ме и оче­ку­вав­ме де­ка над­вор нѐ че­ка че­сти­тка.
Го­лем дел од инс­пи­ра­ци­ја­та е мо­ја­та жел­ба, на не­кој на­чин, да ја пре­не­сам таа ра­дост од мо­е­то дет­ство. Са­кам ед­но­ста­вен и ми­ни­ма­ли­стич­ки ди­зајн, па
ди­зај­нот на че­сти­тки­те има дел од мо­ја­та ви­зи­ја за праз­ни­чен ам­би­ент.
Ори­ги­нал­но­ста и при­каз­на­та што сто­јат зад ор­га­ни­за­ци­ја­та, е глав­на­та при­чи­на што ме на­те­ра да кон­та­кти­рам со ти­мот на „Ли­це в ли­це“ и да го по­ну­дам мо­јот ди­зајн за че­сти­тки. Мно­гу сум бла­го­дар­на за на­ша­та со­ра­бо­тка.

Иван Пе­тру­шев­ски – Флим                      
На­ју­бав спо­мен од но­во­го­диш­ни­те праз­ни­ци од дет­ство­то ми се по­се­ти­те на скоп­ски­от но­во­го­ди­шен па­на­ѓур, кој, мо­же­би, од де­неш­на глед­на точ­ка, не бе­ше со­вр­шен, но сво­е­вре­ме­но бе­ше на­стан на кој си­те де­ца се ра­ду­ваа.
Чув­ство­то на единс­тво и на ем­па­ти­ја, кое се ја­ву­ва по­себ­но во овој дел од го­ди­на­та, бе­ше тоа што са­кав да го до­ло­вам со мо­ја­та че­сти­тка. Сме­там де­ка но­во­го­диш­ни­те те­ми ми се по­себ­но дра­ги за цр­та­ње, а уште по­ве­ќе ко­га се ста­ва­ат во функ­ци­ја за под­др­шка на но­во­го­диш­на­та про­гра­ма. За­тоа се ра­ду­вам на се­ко­ја со­ра­бо­тка со „Ли­це в ли­це“ и се на­де­вам де­ка ќе има уште мно­гу.

КОКИДО (Ру­ки и Сан­дра)
Ру­ки Чу­ки
:
Во дет­ство­то имав­ме не­ко­ја чуд­на тра­ди­ци­ја со мај­ка ми да не одам во учи­ли­ште еден ден и да се по­све­ти­ме на ки­те­ње ел­ка и на пра­ве­ње не­кои су­пер­вкус­ни сла­тки. Ова си го пра­кти­ку­вам и со мо­е­то де­те, искре­но.
По­да­ро­ци­те, фа­ми­ли­јар­ни­те со­би­ран­ки, све­тил­ки­те, киф­лич­ки­те се са­мо дел од праз­нич­на­та ма­ги­ја од дет­ство­то до де­нес.

Јас сум го­лем обо­жа­ва­тел на но­во­го­диш­ни­те праз­ни­ци и тоа е при­сут­но на че­сти­тка­та што ја изра­бо­тив­ме.  На­ше­то Скоп­је… Тез­ги­те на пло­штад беа атрак­ци­ја за се­кое де­те, би би­ло су­пер да се за­чу­ва­ат и да се пре­ра­ска­жу­ва­ат тие мо­мен­ти.

Сан­дра:
Ру­ска, киф­лич­ки, све­тил­ки, за­маг­ле­ни про­зор­ци, шу­шка­ва хар­ти­ја од по­да­ро­ци­те под ел­ка, смеа и че­сти­тки – оние звуч­ни, при­дру­же­ни со сил­ни гу­шка­ња и бак­не­жи, ка­ко и хар­ти­е­ни – снеж­но­бе­ли, од кои sир­ка „Среќ­на но­ва го­ди­на“ ис­пи­ша­на со си­но ма­сти­ло. Ед­но­став­но, без­гриж­ни сту­де­ни де­но­ви по­ми­на­ти во топ­ла се­меј­на ат­мо­сфе­ра на да­ру­ва­ње, пред сѐ ква­ли­тет­но за­ед­нич­ко вре­ме.

Че­сти­тка­та е Скоп­је од на­ше­то дет­ство, кое зна­е­ше со не­де­ли да би­де под бе­ла снеж­на по­кри­вка, и звук од дет­ски џа­гор и ста­пал­ки во сне­гот. Но­ва го­ди­на ка­ко ри­ту­ал и ка­ко дух што из­ви­ра од се­кое не­го­во ќо­ше. Од тез­ги­те на пло­штад, цр­ве­ни­те обрав­чи­ња на ма­ал­ски­те дру­гар­чи­ња, до џи­нов­ски­те мра­зул­ци од по­кри­ви­те на згра­ди­те и на ку­ќи­те во гра­дот.

*Ру­ки и Сан­дра
Ка­ко под­др­жу­ва­чи на спи­са­ни­е­то, а и на но­во­го­диш­на­та про­гра­ма ре­чи­си се­ко­ја го­ди­на, дра­го ни е де­ка при­до­не­су­ва­ме овој пат тим­ски, а ко­ко­шки­те од Ко­ки­до се среќ­ни што има­ат дру­гар ка­ко „Ли­це в ли­це“.

Ге­ор­ги Ра­ван­ски
Мо­е­то се­ќа­ва­ње од дет­ство­то, ко­га жи­ве­ев во еден мал стан, то­пол стан, е пре­крас­но­то чув­ство ко­га ќе се со­бе­рев­ме си­те чле­но­ви на се­мејс­тво­то и со­се­ди­те од мо­ја­та згра­да (то­гаш и со­се­ди­те ги сме­тав за чле­но­ви на се­мејс­тво), око­лу скром­на тр­пе­за, па ќе слу­шав­ме ин­те­рес­ни при­каз­ни што ни ги рас­ка­жу­ваа по­во­зрас­ни­те. Де­нес, не­сом­не­но, инс­пи­ра­ци­ја­та ја цр­пам од мо­ја­та ќер­ка. Уло­га­та на ро­ди­тел ме про­ме­ни ме­не ка­ко чо­век, па от­ту­ка и ме­не ка­ко умет­ник. Се­га, че­сто се на­о­ѓам ка­ко цр­там ли­ко­ви за кои ми збо­ру­ва ќер­ка ми, кои знам де­ка неа ќе ја пот­тик­нат да истра­жу­ва, да пра­шу­ва, да кре­и­ра свои при­каз­ни и да цр­та и са­ма­та. „Ли­це в ли­це“ ги прод­ла­бо­чу­ва мо­и­те вред­но­сти, ме ин­фор­ми­ра, ме пот­тик­ну­ва да би­дам по­до­бар чо­век, но и по­до­бра един­ка во це­ло­то оп­штес­тве­но жи­ве­е­ње. Јас нај­до­бро знам да цр­там, па зо­што тоа што го знам нај­до­бро да не го спо­де­лам со тие што ги ши­рат до­бри­те вред­но­сти во на­ше­то оп­штес­тво.

Зоран Инадески
Новогодишните празници за мене, и како дете, а и сега, значат топлина, радост, спокој. Со еден збор семејство. Украсената елка со препознатливите лампиони го собираше целото семејство, нѐ правеше поблиски за празниците, и некако посебно расположени.
Верував, а и денес верувам во Дедо Мраз. Се сеќавам, секоја година го чекав на прозор да можам да го запознаам и да го гушнам. Еднаш бев убеден дека му го видов и чевелот.
Инспирацијата за новогодишните честитки ми е токму од ова.
#Лицевлице е единствен медиум кој нѐ буди, да ги отвориме очите, да се освестиме. Тој е силен будилник на кој сум горд. Оосбено што и јас сум дел од ова единствено освестено списание кое храбро чекори – вели нашиот дизајнер Зоран Инадески.

Напишете коментар