Доза вести

Да ги слушнеме приказните на лицата со попреченост!

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА НАСТАНОТ ЗА ДА ГИ СЛУШНЕТЕ, ВИДИТЕ И ПРОЧИТАТЕ ЛИЧНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ БОРБИ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И НИВНИТЕ УСПЕШНИ ЖИВОТНИ ПРИКАЗНИ, И ЗАЕДНО ДА ПРОДИСКУТИРАМЕ ЗА ИДНИ ПЛАНОВИ ВО НАСОКА НА СОЗДАВАЊЕ НОВИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ, ВЕЛАТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ

„Слушнете ги нашите приказни“, гласи насловот на настанот по повод одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, кој го организираат партнерската организација на „Лице в лице“ – „Порака Нова“ од Струга, заедно со струшките организации Здружение на слепи лица и Здружение на глуви и наглуви лица.
Настанот ќе се одржи на 3-ти декември со почеток во 14 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, каде на отворена трибина, публиката ќе ги слушне приказните на лицата со попреченост.
„Моменталната светска популација е нешто повеќе од седум милјарди луѓе, од кои повеќе од една милјарда се луѓе кои живеат со некаков вид на попреченост.  Овогодинешната порака на меѓународниот ден е „Лидерство и учество на лицата со попреченост во создавање на поинклузивен, попристапен и поодржлив пост-Ковид-19 свет“. Ве покануваме на настанот „Слушнете ги нашите приказни“, за да ги слушнете, видите и прочитате личните и општествените борби на лицата со попреченост и нивните успешни животни приказни, и заедно да продискутираме за идни планови во насока на создавање нови успешни приказни“, велат организаторите во поканата за настанот на кој, публиката ќе има можност да слушне, види и прочита инспиративни приказни од лица со попреченост, да проследите промоција на книга напишана од лице со попреченост и видео премиера за две успешни приказни за вработување на лица со попреченост и нивниот пат кон независен живот.
Целата програма на македониски и на албански јазик, е на овој линк.

Back to list

Напишете коментар