Доза вести

И јас читам Лице в лице

„`Лице в лице` е учебник за солидарност, емпатија, општествена одговорност, самоодржливост, а темите нè учат да бидеме подобри луѓе.“ Вака, драгата пријателка и поддржувачка на „Лице в лице“, новинарката и активистка Ана Јовковска, го доживува уличното списание за одржлив развој, споделувајќи ги своите мисли во видеото кое го отвора циклусот „И јас читам Лице в лице“. Станува збор за серијал видеа во кои, поддржувачи на уличното списание говорат за нивното другарување со „Лице в лице“, кажуваат зошто го читаат, зошто го поддржуваат, споделуваат што сè можеме да направиме со заеднички сили. Со ова, тие даваат голема поддршка и мотивираат да продолжиме со работа, во овие тешки моменти, кога поради пандемијата со Ковид – 19, нашите продавачи се соочуваат со големи предизвици и минимална продажба на списанието која за нив значи и нивна егзистенција!

Во видеата, покрај Јовковска, учествуваат и Филип Ивановски од „Пакомак“, Наташа Булеска од УСАИД, Христина Ѓорѓиевска од „Види вака“, Кристина Талевска Големтеова од МТВ, Марина Матеска, социјален работник и поддржувачка на „Лице в лице“ и Ирена Велкоска, координаторка на Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари.

Бескрајно сме им благодарни за овие нивни зборови!

Напишете коментар