ЗЕНици

Пријавете се за кариерно советување за девојки и млади жени

Доколку си младо лице и си во дилема за изборот на факултет или професија, но и доколку сакаш да направиш промена во твојата кариера, Националниот младински совет на Македонија и Stella Network, те покануваат на консултативна средба.

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, во просториите на „Млади Хаб“ во Скопје, Националниот младински совет на Македонија организира отворен ден за заинтересираните  девојки и млади жени кои ќе може да остварат консултативна средба со кариерен советник. Советувањето ќе биде достапно на 8-ми март 2023 година, од 11 до 16 часот, а учеството е бесплатно.

Заинтересираните учесници е потребно да го најават своето присуство со пополнување на формуларот достапен на овој линк

Целта на овие активности е да се поддржат и поттикнат девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креираат поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.


Напишете коментар