Доза вести

Со Велес стартуваат регионалните саеми за социјални претпријатија

Време на читање: < 1 минута
- банер -

Првиот, од серијата регионални саеми за социјални претпријатија, кои во текот на ноември 2021 година, ќе се одржат низ повеќе региони во државава, ќе стартува денеска на Градскиот плоштад во Велес, од 11 до 15 часот.
Овој саем ќе ги опфати социјалните претпријатија од Вардарскиот регион, а ќе учествуваат дваесет претстaвници на оваа гранка, кои ќе ги презентираат својата социјална мисија и претприемачки идеи.
– Ќе бидат презентирани и можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка од различни засегнати страни, велат организаторите.
Настанот се случува во рамките на Глобалната недела на претприемништво, во соработка со „X Фактор Акцелератор“ од Велес, а е активност на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.
Инаку, освен во Велес, во земјава почнуваат да функционираат и регионални центри за поддршка на социјални претпријатија во кои се вклучени: CEED за Скопје,  Фондациите за поддршка на претпријатија ЕСА за Тетово и Охрид, Фондацијата за развој на претприемништвото, регионална и меѓугранична соработка во Битола, Центарот за развој на Североисточниот плански регион во Куманово, Центарот за развој на Источниот плански регион во Штип, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица.

Повеќе на саемот на социјални претпријатија од Вардарскиот регион на овие линкови:
https://www.facebook.com/event…

https://www.facebook.com/events/439505497589736?ref=newsfeed

Напишете коментар