Доза вести

Во февруари стартува четвртата сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“

Во февруари, во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година, здруженијата „Ретко е да си редок“ и „Живот со предизвици“, заедно со Гордана Лолеска и со Супер радио, по 4-ти пат ќе се обидат јавноста поблиску да ја запознаат со ретките болести, кревајќи го гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести и нивните семејства.

Со четвртата сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ се заокружуваат 111 обработени дијагнози, со цел подобро запознавање на јавноста со ретките болести.

„Преку соодветни текстови и видео и аудиозаписи, и годинава од 1 февруари ќе се запознаваме со ретките дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата земја. Проектот е од информативно-едукативен карактер на кој работат видни професори и доктори од целата држава. Кампањата за Денот на ретките болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се приклучи. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата на ретки болести“, вели Лолеска во најавата на годинашниот проект.

Напишете коментар