Доза вести

Поддршката е важна!

ЗА ПОЛЕСНО СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ПРОДАВАЧИТЕ НА „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“, АКТИВИРАМЕ НИЗА ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ КОИ ГИ МОТИВИРААТ ПРОДАВАЧИТЕ. ОВОЈ ПАТ, ТОА БЕА ПОЕТИТЕ АНА ГОЛЕЈШКА ЏИКОВА И ГОРАЗД КЕНИ

Што и да правиш, гледај тоа да биде или забавно или корисно, а најдобро двете одеднаш! 
Токму таква беше дружбата со оваа поетеса, жена со огромна позитивна енергија, гласна, насмеана, полетна. Ана Голејшка Џикова!

Таа, заедно со Неџад Камбери, новиот продавач на „Лице в лице“ беа дел од “ #ЛицевлицеПредизвик, каде го продаваа списанието на минувачи во Скопје.

Прошетаа низ Градски парк, плоштад, Карпош, Дебар маало…. рапуваа, се забавуваа. 

Еве што кажа Ана за оваа дружба:

Мислам дека откровение ми беше фактот дека намерата на списанието да биде лице в лице со оној на кому му го продавате е токму таа релација. Да се запознаеш на кратко со човекот кој треба да го освоиш, да му продадеш не само продукт, туку и да размениш енергија. Во неделата, се чекавме во парк со Неџат и Мемет, од каде тргнавме секој кон својата дестинација да „извидиме“ каква е атмосферата. Со Неџат прво свртевме круг кон Дебармаало, беше 12 часот и немаше многу луѓе по кафулињата. Тој и самиот ми кажа дека најдобро „оперира“ во регионот околу Влае, Сити Мол, Лептокарија. Ги знае и луѓето на шанк, што е супер. Неџо ме освои од прва – отворен, скромен, комуникативен. Го прашував за учењето, за работата… Само месец ипол е продавач на списанија и честитки, а веќе добро знае каде да одиме и ми предложи да прошетаме накај Карпош. Откако продадовме три примерока во Кантина, се упативме на автобус. Одиме кон Карпош. Низ Лептокарија влеговме во три поголеми кафулиња, но иако имаше луѓе, не беа баш расположени за списание. Тогаш сфатив и колку е предизвикувачки да сте постојано на терен, да сте љубезни, да внимавате на пристапот, но и истовремено да не губите мотив кога луѓето нема да купат примерок. Сепак, успешно продадовме уште две списанија и тргнавме кон Центар. Се чекавме со Кени, Сабина и Мемет, каде пред да си одиме, си разговаравме за продажбата. Сончев ден, полн со впечатоци и финиширан како што доликува на двајца поети/перформери – со фристајл рап, во кој ни се придружија Неџо и Мемет. Беше забавно и срцегреачко! Фала ви Лице в лице за оваа можност… Секој треба да „влезе во чевлите“ на еден уличен продавач за да ја види целосната слика!

Како да поддржиш продавач, прочитај ТУКА

Напишете коментар