ЗЕНици, Лице в лице

Работа, гитара и дружења – слушнете што кажува Кико

Веруваме дека нè следите на социјалните мрежи, каде редовно објавуваме за активностите со продавачите.
Овој пат, горди на мотивацијата која ја има стекнато со „Лице в лице“, објавуваме видео со нашиот продавач Кристијан Пешевски.

Ужива во работата со „Лице в лице“, запознава нови луѓе и стекнува нови искуства. Тој тренира кикбокс, има свое аматерско домашно студио, учи да свири гитара, сака да шета и да се дружи.

Порачува дека иднината е во младите: „Ние треба да ги правиме промените во општеството!“

Погледнете го видеото

Браво Кико, навистина веруваме дека младите се двигатели на промените, и со нив создаваме подобар, поодржлив и с(о)весен свет за сите!

Проверете што објавивме за Кико претходно:

Запознајте го Кико, нов продавач на #Лицевлице

Граѓаните можат: Кико доби гитара!

Напишете коментар