Лице в лице тема

Учењето се случува во умот и во душата, а не во тестовите!

Осврт кон сер Кен Робинсон

Ако се­мејс­тво­то е при­мар­на оп­штес­тве­на кле­тка во ко­ја един­ка­та ги учи ос­нов­ни­те вред­но­сти и нор­ми, то­гаш учи­ли­ште­то ја има уло­га­та да ги на­до­пол­ни и над­гра­ди и да отво­ри но­ви хо­ри­зон­ти пол­ни со мож­но­сти за по­раст и за раз­вој. Да го пот­тик­не умот на мла­ди­те да раз­мис­лу­ва љу­бо­пит­но за не­шта­та што се слу­чу­ва­ат и по­сто­јат. Да са­ка­ат да истра­жу­ва­ат и да на­у­чат ка­ко се наб­љу­ду­ва од раз­лич­ни аг­ли, а про­це­сот на ре­ша­ва­ње на проб­ле­ми­те да е пре­диз­вик низ кој ќе рас­тат и ќе се осоз­на­ат се­бе­си.

Не­о­дам­на нѐ на­пу­шти бри­тан­ски­от автор, го­вор­ник и ме­ѓу­на­ро­ден со­вет­ник за обра­зо­ва­ние, сер Кен Ро­бин­сон, чо­ве­кот, чи­ја­што ви­зи­ја по­ви­ку­ва­ше де­ца­та да би­дат пот­тик­на­ти низ обра­зо­ва­ни­е­то да се истра­жу­ва­ат се­бе­си и по­тен­ци­ја­лот што го но­сат. Не­го­ви­те ста­во­ви оста­ну­ва­ат да бра­ну­ва­ат и да нѐ по­тсе­ту­ва­ат де­ка „уче­ње­то се слу­чу­ва во умот и во ду­ша­та, а не во те­сто­ви­те“.

Ме­сто кон­тро­ла – по­треб­на е со­од­вет­на кли­ма

Ро­бин­сон спо­де­лу­ва­ше де­ка за обра­зо­ва­ни­е­то да се транс­фор­ми­ра и да ус­пее да рас­те тре­ба да се гра­ди на три фрон­та. Пред сѐ, да ја пот­тик­не раз­лич­но­ста, а со тоа да ну­ди ши­ро­ка на­став­на про­гра­ма, ко­ја, пак, ќе го под­др­жи ин­ди­ви­ду­ал­ни­от про­цес на уче­ње. Вто­ри­от фронт е да ја хра­ни љу­бо­пит­но­ста пре­ку кре­а­тив­но пре­да­ва­ње – не­што што за­ви­си од ве­шти­на­та на на­став­ни­ци­те, нив­на­та отво­ре­ност да ги на­те­ра­ат уче­ни­ци­те да раз­мис­лу­ва­ат над­вор од ку­ти­ја­та во ко­ја си­сте­мот се оби­ду­ва да ги сме­сти. Тре­ти­от е фо­ку­сот на бу­де­ње на кре­а­тив­но­ста пре­ку ал­тер­на­тив­ни ди­да­ктич­ки про­це­си, чиј­што ак­цент на стан­дард­но­то те­сти­ра­ње е мно­гу по­суп­ти­лен. Со ова, од­го­вор­но­ста за де­фи­ни­ра­ње на те­кот на обра­зов­на­та про­гра­ма им се до­де­лу­ва на са­ми­те учи­ли­шта и на на­став­ни­ци­те.

Спо­ред не­го, во ова мо­же­ме да ус­пе­е­ме са­мо ако приз­на­е­ме де­ка обра­зо­ва­ни­е­то е ор­ган­ски си­стем, а не ме­ха­нич­ки. Тоа зна­чи де­ка на­став­ни­от ка­дар ќе се сме­та за ус­пе­шен ко­га ме­сто кон­тро­ла, ќе соз­да­ва со­од­вет­на кли­ма.

„Тро­ши­ме тол­ку мно­гу вре­ме со огра­ни­чу­ва­ње на на­ши­те уче­ни­ци и учи­те­ли, кои во се­бе но­сат огро­мен та­лент“, ги по­ви­ку­ва­ше тој си­те на­став­ни­ци да гле­да­ат по­и­на­ку на ре­сур­си­те што им се на рас­по­ла­га­ње, да вне­сат кре­а­тив­ност што ќе раз­бу­ди ин­те­рес кај уче­ни­ци­те, да соз­да­ва­ат сре­ди­на за уче­ње во ко­ја уче­ни­ци­те, ин­ди­ви­ду­ал­но и во гру­па, ќе на­пре­ду­ва­ат и проц­ве­ту­ва­ат.
Тој наг­ла­су­ва­ше де­ка е не­оп­ход­но да го пре­ис­пи­та­ме на­ши­от став кон ин­те­ле­ген­ци­ја­та за­што таа е раз­но­вид­на. Раз­мис­лу­ва­ме и мис­ли­ме ви­зу­ел­но, ме­ха­нич­ки, ки­не­тич­ки, во дви­же­ње… Но, таа е ди­на­мич­на, а ори­ги­нал­ни­те идеи мно­гу че­сто из­ви­ра­ат пре­ку ин­те­рак­ци­ја за раз­лич­ни­те на­чи­ни на гле­да­ње на не­шта­та.

Тран­сфор­ма­ци­ја на обра­зов­ни­от мо­дел

Ми­си­ја­та на Ро­бин­сон се пот­пи­ра­ше на ин­тен­ци­ја­та да го про­ме­ни ста­вот кон обра­зо­ва­ни­е­то, со по­се­бен ак­цент на тоа де­ка проб­ле­мот е и во ин­ди­ви­ду­а­та, а не са­мо во си­сте­мот.

„Обра­зо­ва­ни­е­то е под­го­то­вка. Ток­му за­тоа, мно­гу е важ­но низ про­це­сот на обра­зо­ва­ние ин­ди­ви­ду­а­та да открие во што е до­бра и кои се неј­зи­ни­те по­тен­ци­ја­ли. Мо­ја­та ми­си­ја е транс­фор­ма­ци­ја на обра­зов­ни­от мо­дел, кој ќе се зас­но­ва на кре­а­тив­ност, раз­но­вид­ност и на при­ро­ден по­раст“, ве­ле­ше овој поз­нат еду­ка­тор.

За не­го, ток­му тоа што го пра­ви чо­ве­кот низ жи­во­тот, со по­тен­ци­ја­ли­те што ги но­си во се­бе, гра­ди и сво­ја би­о­гра­фи­ја во ко­ја се су­ми­ра­ни си­те ас­пе­кти на жи­ве­е­ње­то: „Тоа нѐ пра­ви автен­тич­ни, тоа што, на­ви­сти­на, сме“.

Ро­бин­сон дол­го вре­ме ра­бо­те­ше на по­ле­то на обра­зо­ва­ни­е­то, но исто­вре­ме­но ги ба­лан­си­ра­ше и дру­ги­те уло­ги ка­ко учи­тел, автор, истра­жу­вач, со­вет­ник и го­вор­ник.

„Факт е де­ка, со ог­лед на пре­диз­ви­ци­те со кои се со­о­чу­ва­ме во обра­зо­ва­ни­е­то, тоа не тре­ба да се ре­фор­ми­ра, по­треб­но е да се транс­фор­ми­ра. Клу­чот на оваа транс­фор­ма­ци­ја не е да се стан­дар­ди­зи­ра обра­зо­ва­ни­е­то, ту­ку да се пер­со­на­ли­зи­ра. До­стиг­ну­ва­ња­та да би­дат на­со­че­ни кон откри­ва­ње на ин­ди­ви­ду­ал­ни­от та­лент на се­кое де­те, да се ста­ват уче­ни­ци­те во сре­ди­на во ко­ја са­ка­ат да учат и ка­де што при­род­но мо­жат да го откри­јат сво­јот ви­стин­ски та­лент“, наг­ла­су­ва­ше тој.

Раз­бу­де­те го истра­жу­ва­чот во се­бе

Сер Кен Ро­бин­сон бе­ше ли­дер и ди­рект­но вклу­чен во мно­гу ини­ци­ја­ти­ви низ све­тот во сфе­ра­та на обра­зов­ни­от си­стем, кул­ту­ра­та, кор­по­ра­ци­и­те и ор­га­ни­за­ци­и­те. Во сво­јот жи­вот бе­ле­жи 12-го­диш­на про­фе­сор­ска ка­ри­е­ра на Фа­кул­те­тот за умет­но­сти. Јa пред­во­дел и На­ци­о­нал­на­та ко­ми­си­ја за кре­а­тив­ност, обра­зо­ва­ние и еко­но­ми­ја за то­гаш­на­та вла­да на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја. Во 2006 го­ди­на со не­го­во­то при­сус­тво на TED talks, ко­га го­во­ре­ше на те­ма­та „Да­ли учи­ли­ште­то ја уби­ва кре­а­тив­но­ста?“ , ста­на поз­нат по најг­ле­да­ни­от го­вор во исто­ри­ја­та на овој е-ка­нал. Ова ви­део би­ло прег­ле­да­но по­ве­ќе од 60 ми­ли­о­ни па­ти, а со тоа Ро­бин­сон ста­на и ми­ле­ник на се­ко­ја ге­не­ра­ци­ја. „Ако не сте под­го­тве­ни да згре­ши­те, ни­ко­гаш не­ма да дој­де­те до не­што ори­ги­нал­но. Ин­тер­не­тот е до­ста­пен за се­кој од нас, но и мно­гу по­ве­ќе од тоа. Тој е дел од на­ше­то се­којд­не­вие. Ни ну­ди огро­мен број мож­но­сти да се еду­ци­ра­ме над­вор од учи­лиш­ни­те клу­пи. За­мис­ле­те са­мо ка­ква про­ме­на на све­ста ќе се слу­чи на гло­бал­но ни­во ако го раз­бу­ди­ме истра­жу­ва­чот во се­бе. Откриј­те ги раз­лич­но­сти­те во све­тот и поч­не­те да пло­ви­те осоз­на­вај­ќи но­ви не­шта. Поч­не­те го тоа де­нес“, ука­жу­ва­ше Ро­бин­сон, по што бе­ше и пре­поз­нат­лив, по­крај кни­ги­те, кои му ста­наа бес­тсе­ле­ри.

Напишете коментар