Гледај и слушај

„Лице в лице“ за животната средина

Време на читање: 2 минути
- банер -

Заштитата на животната средина беше главен фокус на средбата, која се одржа во „Млади хаб“, на 24 јануари, а на која дебатираа најразлични засегнати страни кои имаат значајно влијание во решавањето на предизвиците во сферата на екологијата, но, и одржливото живеење во целост.
Претставници на невладини организации, институции, бизниси, медиуми, граѓани, средношколци, заеднички дискутираа за горливи прашања како аерозагадувањето, управувањето со отпад, успешните политики за справување кои функционираат во ЕУ, и уште за  многу други теми, со цел да придонесат врз унапредување на состојбите од областа на животната средина.

Резултат на оваа прва средба се очекува да бидат и низа креативни решенија и новинарски приказни за животната средина, кои, освен преку списанието „Лице в лице“, ќе бидат споделени и на останатите медиуми што ќе одлучат да се вклучат во овој процес на подигнување на јавната свест за значаен сегмент од нашето живеење, во форма на истражувачка содржина, интервју, експертски текст, анализа, постери, фотографии, илустрации, видео приказна….

„Лице в лице со граѓаните“ опфаќа 6 кампањи за јакнење на свеста за повеќе теми кои се важни за граѓаните, имплементација на регионални активности и настани во шест градови низ земјава, во насока на подигање свеста за пристапниот процес кон ЕУ. Исто така, проектот ќе ги зајакне локалните граѓански организации и локалните медиуми, преку дебата, заеднички активности и ќе ги евалуира знаците на промена за она што значи членството во ЕУ за локалните заедници.

Главна цел на проектот е да го засили активното учество и ангажман на граѓанскиот сектор – граѓанските организации и медиумите, во спроведување активности од јавен интерес и во насока на поддршка на пристапниот процес на земјава кон ЕУ.

- банер -

Преку уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“, кое го издава Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, ќе се допре и до широка публика која ќе добие информации за бенефитите на земјава од европската интеграција.

Овој еко креативен круг се реализира во рамки на проектот „Лице в лице со граѓаните“, кој е поддржан од Кралството Шведска преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, а негова главна интенција е создавање подобра кохеренција меѓу клучни општествени актери во насока на заштита на јавниот интерес.

Напишете коментар