Лице в лице читална

Скршениот сад

Време на читање: 3 минути
- банер -

Илустрација: Зоран Инадески

Ати­ли­ја, Бо­ко и Анул се со­браа кај ви­да­рот Гоф и му по­ма­гаа да зго­тви ру­чек. За­тоа што мом­чи­ња­та на­бр­гу поч­наа да се рас­пра­ва­ат за тоа кој е по­па­ме­тен, ста­ре­цот ре­ши ба­рем да ги стив­не со ед­на за­га­доч­на при­каз­на. Во тој мо­мент сè уште не зна­е­ше со ко­ја, но, ед­но­став­но, ве­ќе не мо­же­ше да го слу­ша нив­но­то рас­пра­ва­ње. Ко­га дој­доа Ка­лук и Пуфт и се прик­лу­чи­ја во рас­пра­ва­та, си­ту­а­ци­ја­та ста­на не­из­држ­ли­ва.

„Кој мо­же да ми од­го­во­ри на ова пра­ша­ње?“ глас­но ре­че Гоф.

И Ати­ли­ја и мом­чи­ња­та се свр­теа кон не­го и сед­наа око­лу ма­са­та. Се­ко­гаш са­каа ко­га Гоф им по­ста­ву­ва­ше ин­те­рес­ни пра­ша­ња. Без да треп­нат гле­даа во не­го. Ду­ри то­гаш на ви­да­рот му пад­на на ум што ќе ги пра­ша, па поч­на: „На ма­са­та сто­јат че­ти­ри са­да од пе­че­на гли­на. Во ед­ни­от има луш­пи од сом, во дру­ги­от јај­ца од кро­ко­дил. Во тре­ти­от има мре­жа од па­јак – та­ран­ту­ла, до­де­ка во че­твр­та­та е пик­на­то гнез­до од ку­ка­ви­ца. Ако дув­не си­лен ве­тер од се­вер, кој сад прв ќе се исту­ри?“

- банер -

„Тој со јај­ца­та!“ вик­на Анул.
„Луш­пи­те ќе се раз­ле­та­ат!“ ре­че Ка­лук.
„Ни­е­ден!“ се­га вик­на Ати­ли­ја.
„Си­те ќе се исту­рат во исто вре­ме!“ гла­сен бе­ше и Бо­ко.
„Мре­жа­та на та­ран­ту­ла­та!“ и Пуфт го ка­жа сво­е­то мис­ле­ње.
„Хмммм. Не­кој од вас по­го­ди“, ре­че Гоф и се свр­ти кон…

ко­го?

По­ра­ка од авто­рот:

Пред вас е ед­на од за­га­доч­ни­те при­каз­ни.

За­мис­ле­ни се за да ви под­го­тват мно­гу мо­мен­ти на раз­мис­лу­ва­ње и сла­тки ма­ки, но и ра­до­сти по ус­пеш­но­то ре­ша­ва­ње.

За­бе­ле­шка: Мно­гу од нив не­ма да ус­пе­е­те да ги ре­ши­те са­ми­те – смис­ле­ни се та­ка што во ре­ша­ва­ње­то мо­ра­ат да учес­тву­ва­ат и ва­ши­те ро­ди­те­ли или, пак, не­кои мал­ку по­ста­ри при­ја­те­ли. Мош­не се по­год­ни и за по­ста­ву­ва­ње на це­ло­то од­де­ле­ние во учи­ли­ште – за­ед­нич­ки се­ко­гаш по­лес­но се до­а­ѓа до ре­ше­ни­е­то.

Со пра­ша­ња до ре­ше­ни­ја­та: Мо­же да се ко­ри­сти пра­ви­ло­то – за­гат­ну­ва­чот од­го­ва­ра са­мо со ДА или НЕ.

До­пол­ни­тел­но пра­ви­ло, ако учес­тву­ва­ат по­ве­ќе игра­чи:

Еден од­гат­ну­вач има пра­во да пра­шу­ва сè до­де­ка до­би­ва по­тврд­ни од­го­во­ри. Бро­јот на по­ста­ве­ни­те пра­ша­ња мо­же и да се огра­ни­чи.

Авто­рот со­ве­ту­ва, а во тоа до­не­ка­де е и смис­ла­та на овие при­каз­ни, во ни­кој слу­чај да не ги чи­та­те ре­ше­ни­ја­та пред на­ви­сти­на да се по­тру­ди­те да ги про­нај­де­те са­ми­те.

Ре­ше­ни­ја­та ба­ра­ат и мал­ку зна­е­ње за при­ро­да­та и за неј­зи­ни­те за­ко­ни­то­сти, но по­го­ле­ми­от дел од при­каз­ни­те се ло­гич­ки за­га­тки.

Иа­ко дејс­тво­то на овие за­га­доч­ни при­каз­ни е сме­сте­но во та­инс­тве­ни­от свет на ед­на тра­пер­ска на­сел­ба, си­те ре­ше­ни­ја се реш­ли­ви без впле­тку­ва­ње ма­ги­ја, без моќ­ни ви­дар­ски на­пи­вки или без ѕир­ка­ње во ста­ри­те тра­пер­ски ле­ген­ди.

Са­мо ед­но е си­гур­но – дру­жеј­ќи се со ова че­ти­во, ќе на­у­чи­те и за­се­ко­гаш ќе за­пом­ни­те мно­гу ко­рис­ни не­шта. На кра­јот на кра­и­шта­та, овие при­каз­ни се на­пи­ша­ни со таа иде­ја…

Те­жи­на­та на ре­ша­ва­ње­то на овие при­каз­ни е оз­на­че­на со бро­јот на гин­ко­ви­те лив­чи­ња.
Ед­но гин­ко­во лив­че – лес­но
Две гин­ко­ви лив­чи­ња – сред­но
Три гин­ко­ви лив­чи­ња – мал­ку по­те­шко
Че­ти­ри гин­ко­ви лив­чи­ња – те­шко
Пет гин­ко­ви лив­чи­ња – мош­не те­шко
Шест гин­ко­ви лив­чи­ња – за­стра­шу­вач­ки

По­ве­ќе од шест гин­ко­ви лив­чи­ња – не­воз­мож­на ми­си­ја

Гин­ко­во­то лив­че не е слу­чај­но из­бра­но ка­ко ме­ра за те­жи­на­та. Ова др­во, кое по­стои ве­ќе 150.000.000 го­ди­ни, е сим­бол на му­дро­ста – ча­јот од не­го­ви­те не­о­бич­ни лив­чи­ња ги за­си­лу­ва кон­цен­тра­ци­ја­та и би­стри­на­та на умот. Та­ка што, не е чу­до што гин­ко­то (Ginkgo Biloba) е мош­не по­чи­ту­ва­но др­во во тра­пер­ска­та на­сел­ба во ко­ја се од­ви­ва­ат овие при­каз­ни…

(Ре­ше­ние на за­га­доч­на­та при­каз­на – Пр­ви­от и единс­твен сад што мо­же да се исту­ри е са­дот со кро­ко­дил­ски­те јај­ца. Со­др­жи­на­та на си­те дру­ги са­до­ви не­ма да се исту­ри за­тоа што, ед­но­став­но – не по­стои. Та­ран­ту­ла е па­јак што не мо­же да пле­те мре­жа, со­мот е ри­ба без луш­пи, а ку­ка­ви­ца­та е пти­ца што не­ма гнез­до. Оп­што е поз­на­то де­ка таа сво­и­те јај­ца ги оста­ва во ту­ѓи гнез­да. ЗАПОМНЕТЕ: На тоа што не по­стои не мо­же ни­што ни да му се слу­чи)

(Из­ва­док од кни­га­та „За­га­доч­ни при­каз­ни“ на Урош Пе­тро­виќ, из­да­ние на „Арс ли­брис“. Пре­во­дот е на Са­шо Хри­стов­ски, а де­ло­то мо­же да се нај­де во кни­жар­ни­ци­те на „Ли­те­ра­ту­ра“)

Напишете коментар