Лице в лице тема

Наставници, слободата се зема, не се чека да биде дадена!

Ка­ко ни­ко­гаш до­се­га, на­став­ни­кот е во фо­ку­сот на вни­ма­ни­е­то во це­ли­от свет. Очи­те на ро­ди­те­ли­те, уче­ни­ци­те, на це­ла­та јав­ност се по­сто­ја­но впе­ре­ни во не­го. Пан­де­ми­ја­та, ко­ја ги ста­ви на тест си­те обра­зов­ни си­сте­ми, осо­бе­но ги те­сти­ра­ше ком­пе­тен­ци­и­те на на­став­ни­ци­те. И тоа, не са­мо ди­ги­тал­ни­те… По­ве­ќе од шест ме­се­ци, ка­ме­ри­те се впе­ре­ни и кон ма­ке­дон­ски­от на­став­ник. Тој што со де­це­нии е за­ро­бен и оста­вен сам да се бо­ри со без­број­ни­те ре­фор­ми, не­со­од­вет­на еду­ка­ци­ја и про­фе­си­о­на­лен раз­вој, пар­ти­ски­те при­ти­со­ци и кру­ти­те ин­сти­ту­ции. Ка­ко пти­ци за­тво­ре­ни во ка­фез! Но, се чи­ни де­ка е вре­ме да им ја отво­ри­ме вра­та­та…

Ка­ков, всуш­ност, тре­ба да е со­вре­ме­ни­от на­став­ник, што му е по­треб­но на учи­те­лот на ид­ни­на­та, ко­ја е ви­зи­ја­та за обра­зо­вен си­стем што на пр­во ме­сто ќе ги ста­ви де­ца­та? Ка­де е ма­ке­дон­ски­от на­став­ник во оваа при­каз­на? Ова се са­мо дел од пра­ша­ња­та на кои на­став­ни­ци, про­фе­со­ри, уче­ни­ци и прет­став­ни­ци од нев­ла­ди­ни­от се­ктор ди­ску­ти­раа на кре­а­тив­ни­от круг на „Ли­це в ли­це“ по­све­тен на обра­зо­ва­ни­е­то од ид­ни­на­та.

Страв од про­ме­ни

Пр­ва­та про­ме­на што тре­ба вед­наш да се ини­ци­ра е соз­да­ва­ње до­бар си­стем за про­фе­си­о­на­лен раз­вој на на­став­ни­ци­те. Тоа, ве­ли про­фе­сор­ка­та Та­ма­ра Ќу­пе­ва, ќе пов­ле­че и дру­ги по­зи­тив­ни про­ме­ни.

– Де­но­ви­ве те­чат тие про­фе­си­о­нал­ни обу­ки и, пра­ктич­но, за­бе­ле­жу­ва­ме де­ка има се­ри­о­зен проб­лем, има го­лем про­цент на на­став­ни­ци што не се под­го­тве­ни за ра­бо­та пре­ку ин­тер­нет-пла­тфор­ми. Вре­ме­то е кра­тко, при­ти­со­кот врз нив е уште по­го­лем, а ќе мо­ра да се ор­га­ни­зи­ра­ат за на­ста­ва – ве­ли Ќу­пе­ва.


Неј­зи­на­та ко­ле­шка, на­став­нич­ка­та Ма­ја Ви­де­но­виќ, на­до­пол­ну­ва де­ка мно­гу го­ди­ни збо­ру­ва­ме де­ка на­став­ни­ци­те про­фе­си­о­нал­но се усо­вр­шу­ва­ат, де­ка по­ми­ну­ва­ат обу­ки, осо­бе­но во ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние, но ви­стин­ско­то пра­ша­ње е: „Што по тие обу­ки?“ Спо­ред неа, на на­ши­от си­стем му не­до­сти­га одрж­ли­вост.
– Мно­гу е лес­но да се по­ми­не не­ко­ја обу­ка. Нè обу­чу­ва­ат  за ко­ри­сте­ње раз­ни ин­тер­нет-ала­тки и тие, се­ка­ко, ни се ко­рис­ни. Но, ако не­што не се пра­кти­ку­ва, тоа мно­гу лес­но се за­бо­ра­ва – ве­ли таа.
Проб­лем е и тоа што са­мо одре­де­ни на­став­ни­ци, кои се по­ве­шти, зна­е­ња­та што ги здо­би­ле на тие обу­ки по­тоа им ги пре­не­су­ва­ат на сво­и­те ко­ле­ги, но по­сто­ја­но има на­став­ни­ци што се оста­ве­ни, кои не­ма­ат до­вол­но ди­ги­тал­ни ком­пе­тен­ции.

– Ние, на ни­во на др­жа­ва, не­ма­ме усво­е­но рам­ка за ди­ги­тал­ни ком­пе­тен­ции што тре­ба да ги има­ат на­став­ни­ци­те. Ка­ко тие ќе зна­ат де­ка се до­вол­но ди­ги­тал­но пис­ме­ни или не, ако не­ма со што да се спо­ре­дат. Тие са­мо до­би­ва­ат обу­ки за ко­ри­сте­ње на мно­гу ала­тки, без да се фо­ку­си­ра­ат на не­што кон­крет­но – об­јас­ну­ва Ви­де­но­виќ.

И ди­на­ми­ка­та на усво­ју­ва­ње но­ви зна­е­ња кај не­кои на­став­ни­ци оди бав­но. Дел од нив од­би­ва­ат да учат и од стра­вот од но­ви­те ге­не­ра­ции, од нив­ни­те зна­е­ња. На­став­нич­ка­та Ви­де­но­виќ наг­ла­су­ва де­ка стра­вот е чуд­на ра­бо­та и де­ка стра­вот од про­ме­ни е не­што што нѐ пла­ши си­те, не са­мо на­став­ни­ци­те.
– Се­кој од нас са­ка да се чув­ству­ва ком­пе­тен­тен ко­га ќе из­ле­зе пред уче­ни­ци­те. Не са­ка да се нај­де во си­ту­а­ци­ја уче­ни­ци­те да го пра­ша­ат не­што, а тој да не знае. Ин­фор­ма­ти­чар сум и ни­ко­гаш не знам сѐ. Че­сто учам мно­гу но­ви ра­бо­ти ток­му од мо­и­те уче­ни­ци, иа­ко се ма­ли – ве­ли таа и наг­ла­су­ва де­ка не­фор­мал­но­то обра­зо­ва­ние на на­став­ни­ци­те мо­ра да про­дол­жи.

Но­ви ге­не­ра­ции, но­ви вред­но­сти… На­став­ни­ци­те мо­ра да се ме­ну­ва­ат

Но, не се важ­ни са­мо ди­ги­тал­ни­те ве­шти­ни. Не тре­ба да се за­бо­ра­ват ни­ту пе­да­го­ги­ја­та, вос­пит­ни­от еле­мент, тоа ка­ко се од­не­су­ва­ат на­став­ни­ци­те кон уче­ни­ци­те и ка­кво е нив­но­то вли­ја­ние врз лич­но­ста на де­те­то.
Про­фе­со­рот Ки­рил Бар­ба­ре­ев об­јас­ну­ва де­ка ве­ќе по­долг вре­мен­ски пер­и­од клуч­ни­те че­ко­ри, од­лу­ки или со­стој­би во обра­зо­ва­ни­е­то не по­а­ѓа­ат од по­тре­би­те на де­ца­та. Ние за­бо­ра­ва­ме де­ка по­тре­би­те на де­ца­та се пред си­те по­тре­би на дру­ги­те фа­кто­ри вклу­че­ни во обра­зо­ва­ни­е­то, на­став­ни­ци­те, ка­ко и тие што ја до­не­су­ва­ат обра­зов­на­та по­ли­ти­ка.
 – Ко­га не мо­же да се сфа­ти су­шти­на­та, за ко­го по­сто­јат учи­ли­шта­та, за ко­го по­стои обра­зов­ни­от си­стем, ние вле­гу­ва­ме во им­про­ви­за­ции. Мо­е­то искус­тво од обра­зо­ва­ни­е­то е не­га­тив­но, за жал ко­га би пра­вел ранг-ли­ста на на­став­ни­ци, ве­ро­јат­но би имал по­го­лем број на тие што вли­ја­е­ле не­га­тив­но на ме­не. Ту­ка е и це­ла­та му­дрост и фи­ло­зо­фи­ја на си­сте­мот, ка­ко да на­пра­ви­те нај­ми­ро­љу­би­ви­те лу­ѓе во си­сте­мот да ја пре­поз­на­ат про­фе­си­ја­та, лу­ѓе што ќе би­дат при­ме­ри во тоа што тре­ба да прет­ста­ву­ва еден хо­ли­стич­ки раз­вој за по­тре­би­те на ед­но де­те – ве­ли Бар­ба­ре­ев.


Со пос­лед­ни­те про­ме­ни што се слу­чу­ва­ат по­ра­ди пан­де­ми­ја­та, ни­ту еден на­став­ник не тре­ба да се др­жи до тра­ди­ци­о­нал­на­та ме­то­ди­ка. На­ста­ва­та пре­ку ин­тер­нет ба­ра со­се­ма друг ме­наџ­мент, и на ре­сур­си и на со­др­жи­ни и на при­стап. Но, про­фе­сор­ка­та Ќу­пе­ва наг­ла­су­ва де­ка ед­но не­што по­мал­ку се споме­ну­ва, пе­да­го­шка­та или пси­хо­ло­шка­та ко­му­ни­ка­ци­ја на на­став­ни­кот со де­те­то, ка­ко и раз­во­јот на емо­ци­о­нал­на­та ин­те­ли­ген­ци­ја.
– На на­став­ни­ци­те им тре­ба про­ши­ру­ва­ње на тие хо­ри­зон­ти, де­ка ра­бо­ти­ме со де­ца, ние во сред­но со де­ца што се со­о­чу­ва­ат со нај­бур­ни­те про­ме­ни на пси­хо­ло­шки и на фи­зи­о­ло­шки план. Де­ца што во тој клу­чен пер­и­од екс­пе­ри­мен­ти­ра­ат со сво­јот стил, изг­лед и раз­мис­лу­ва­ња. На­став­ни­кот тре­ба да е, на­ви­сти­на, под­го­твен да се со­о­чи со таа бун­тов­ност, со тие про­ме­ни и сти­ло­ви, кои по­не­ко­гаш не со­од­вет­ству­ва­ат со на­ши­те пог­ле­ди за тоа ка­ко тре­ба да изг­ле­да еден сред­но­шко­лец. Го­лем дел од на­став­ни­ци­те не сфа­ќа­ат де­ка мо­ра да се ме­ну­ва­ме – ве­ли таа.
Со но­ви­те ге­не­ра­ции до­а­ѓа­ат и но­ви вред­но­сти. Со­вре­ме­ни­от на­став­ник мо­ра и да е во тек со важ­ни­те не­шта што им се слу­чу­ва­ат во жи­во­тот.


 – Не мо­же на­став­ни­кот да не знае што се слу­чу­ва на со­ци­јал­ни­те мре­жи со мла­ди­те. За­тоа што са­мо та­ка си ра­мо до ра­мо со нив. Мо­раш по­сто­ја­но да отва­раш пра­ша­ња и да де­ба­ти­раш. Не мо­жеш по­сто­ја­но да им сер­ви­раш што се слу­чу­ва­ло во твое вре­ме. Тие са­ка­ат да ве по­чув­ству­ва­ат ка­ко свои и жи­ви и де­ка вие до­а­ѓа­те од нив­ни­от свет. Не мо­же­те нив да ги вра­ти­те во ва­ши­от свет – ве­ли Ќу­пе­ва.
Таа до­да­ва де­ка ние не­ма­ме ни­ту си­стем на ева­лу­а­ци­ја, ран­ги­ра­ње на на­став­ни­ци­те. Наг­ла­су­ва де­ка уче­ни­ци­те точ­но ги пре­поз­на­ва­ат нај­до­бри­те на­став­ни­ци. А тоа не се тие што да­ва­ат пе­тки, ту­ку нај­до­бри­те во при­ста­пот. Тие што би­ле ту­ка за нив, ко­га им се слу­чу­ва­ла зна­чај­на про­ме­на, ко­га им се ури­вал све­тот.

На­ста­ва на­со­че­на кон лич­но­ста, омек­ну­ва­ње на кру­ти­от обра­зо­вен си­стем

Во но­ви­от кон­цепт за со­вре­ме­но обра­зо­ва­ние по­треб­но е и да се овоз­мо­жи ин­те­ра­ктив­на на­ста­ва. Сте­фа­ни Спи­ров­ска од МОФ ве­ли де­ка на­чи­нот на уче­ње во­оп­што не е про­ме­нет, а мно­гу уче­ни­ци се до­са­ду­ва­ат на ча­со­ви­те.
– Нам, всуш­ност, ни тре­ба­ат и по­себ­но ди­зај­ни­ра­ни учил­ни­ци, про­гра­ми што не се на­со­че­ни кон оцен­ки, ту­ку кон гра­де­ње на лич­но­ста, ка­ра­кте­рот на уче­ни­ци­те. Тре­ба да им се овоз­мо­жат ус­ло­ви да на­у­чат не­што, но и да се изра­зат на мал­ку по­и­на­кви на­чи­ни. Ка­ко оп­штес­тво, пак, по­тфр­ла­ме при ин­ве­сти­ра­ње во про­фе­со­ри­те. Ако го пог­лед­не­ме и Пе­да­го­шки­от фа­кул­тет, та­му одат најс­ла­би­те сту­ден­ти, тие што не мо­же­ле да се за­пи­шат на друг фа­кул­тет – ве­ли Спи­ров­ска.
На­став­нич­ка­та Ви­де­но­виќ наг­ла­су­ва де­ка е осо­бе­но важ­но ка­ко им се пре­не­су­ва­ат со­др­жи­ни­те на уче­ни­ци­те. Таа сме­та де­ка клу­чен еле­мент за ус­пе­шен час е уче­ни­ци­те да се вклу­чат актив­но во не­го.

– Цел­та не е да се­дат 40 ми­ну­ти и да гле­да­ат во таб­ла. Да се нај­де на­чин актив­но да учес­тву­ва­ат и на крај да пра­ша­ат: „Зар за­вр­ши ча­сот?“. Тоа е цел­та на уче­ње­то, де­те­то да са­ка да до­бие зна­е­ње. Ние сме оп­то­ва­ре­ни со тоа да­ли ќе стиг­не­ме да ја ре­а­ли­зи­ра­ме на­став­на­та про­гра­ма и се­кој не­ка­ко гле­да да го ре­а­ли­зи­ра сво­јот пред­мет. Но, са­мо низ раз­лич­ни ин­тер­дис­цип­ли­нар­ни про­е­кти, ко­га са­ми ба­ра­ат ре­ше­ни­ја, то­гаш ќе на­у­чат да раз­мис­лу­ва­ат. Не им тре­ба са­мо ре­про­дук­ци­ја на не­што што тре­ба да го за­пом­нат. За тоа го има­ат „Гугл“ – об­јас­ну­ва таа.

Про­фе­со­рот Бар­ба­ре­ев, пак, об­јас­ну­ва де­ка ние де­не­ска сѐ уште има­ме мно­гу крут пог­лед и за тоа што е учил­ни­ца. Де­ка во зем­ји­те што се гри­жат за де­ца­та, учил­ни­ци­те се се­ка­де, де­ка по­сто­јат раз­ни цен­три за на­ста­ва по ча­со­ви­те, за вре­ме на рас­пу­стот, ка­де што се из­ле­гу­ва од рам­ка­та на фор­мал­но­то обра­зо­ва­ние.

– За ме­не учил­ни­ца е и По­по­ва Шап­ка и си­те пла­ни­ни, кои во овој пер­и­од мо­жеа да се иско­ри­стат и да се ре­а­ли­зи­ра­ат одре­де­ни актив­но­сти. Тоа зна­чи соз­да­ва­ње еден кон­цепт со спо­ју­ва­ње на фор­мал­но­то со не­фор­мал­но­то обра­зо­ва­ние – ве­ли тој.

Бар­ба­ре­ев го отво­ри и пра­ша­ње­то за на­ста­ва спо­ред лич­но­ста:

– Ако ние се до­го­во­ри­ме де­ка де­не­ска тре­ба да оди­ме на ба­зен, во на­ши­от си­стем ќе се пра­ша: „А кој ќе го пла­ти тоа?“
Ви­де­но­виќ го до­пол­ну­ва де­ка, мо­же­би, ќе ка­жат: „Не, вие го не­ма­те исп­ла­ни­ра­но во го­диш­на про­гра­ма“.
– Ток­му тоа е таа кру­тост на си­сте­мот – ве­ли Бар­ба­ре­ев.
– Во зем­ји­те што ре­ши­ле де­ка ќе соз­да­ва­ат ква­ли­тет на чо­веч­ки по­тен­ци­јал, ова е одам­на ре­ше­но – ве­ли тој.
Про­фи­лот на мла­ди­те е мно­гу про­ме­нет, а ние ка­ко ин­сти­ту­ции сме мно­гу бав­ни и кру­ти во од­нос на тоа што тре­ба да прет­ста­ву­ва но­ва обра­зов­на па­ра­диг­ма за еден нов си­стем за вре­ме­то во кое жи­ве­е­ме и по­сто­и­ме.

Уче­ни­ци­те са­ка­ат ин­те­ра­ктив­ни ча­со­ви и на­став­ни­ци што мо­ти­ви­ра­ат кре­а­тив­на и фле­кси­бил­на на­ста­ва
Од из­ја­ви­те на уче­нич­ки­те Над­ја и Ле­о­на лес­но мо­же да се зак­лу­чи де­ка ги пре­поз­на­ва­ат на­став­ни­ци­те што се тру­дат, тие за кои ча­сот е по­себ­но ме­сто, а не са­мо ра­бот­но. Уче­ни­ци­те ба­ра­ат кре­а­тив­на и фле­кси­бил­на на­ста­ва, не­кој да ги пра­ша ка­ко се чув­ству­ва­ат и што са­ка­ат.


Над­ја Или­јев­ски, уче­нич­ка во ос­нов­но учи­ли­ште
Са­кам на­став­ни­ци што ве­ру­ва­ат во нас, што се ра­ду­ва­ат на на­ши­те ус­пе­си и нè мо­ти­ви­ра­ат да би­де­ме сè по­до­бри и по­до­бри. Са­кам на­став­ни­ци што ко­га ќе згре­ши­ме или ќе до­би­е­ме пос­ла­ба оцен­ка не нè обес­хра­бру­ва­ат, ту­ку нè мо­ти­ви­ра­ат да се по­до­бри­ме и да ве­ру­ва­ме во се­бе.
Са­кам на­став­ни­кот да е при­ја­тел на де­ца­та, да не да е над де­ца­та. Да не се пла­ши­ме од не­го, да не мис­ли­ме, ле­ле што ќе ни ка­же ко­га ќе се слу­чи да на­пра­ви­ме не­што по­греш­но. 
Ги са­кам на­став­ни­ци­те што не ги де­лат де­ца­та на ма­шки и на жен­ски, на до­бри и на ло­ши уче­ни­ци и на кои им е важ­но што си на­у­чил и да­ли ти тре­ба до­пол­ни­тел­на по­мош за да на­у­чиш. Са­кам на­став­ни­ци што се гри­жат за сво­и­те уче­ни­ци и кои не до­а­ѓа­ат во учи­ли­ште са­мо за да ја пре­да­дат лек­ци­ја­та.
Са­кам и да учи­ме во го­ле­ми, чи­сти и свет­ли учил­ни­ци со уба­ви бои во кои не­ма да се­ди­ме во клу­пи еден зад друг, а мо­же­ме да учи­ме и не­ка­де во при­ро­да. И не са­мо ма­те­ма­ти­ка, би­о­ло­ги­ја, ма­ке­дон­ски, ту­ку и танц, и глу­ма, и го­тве­ње. Та­ка не­ка­ко го за­мис­лу­вам учи­ли­ште­то од ид­ни­на­та.

Ле­о­на Ја­риќ, уче­нич­ка во сред­но учи­ли­ште
– Има­ме огром­ни проб­ле­ми со на­чи­нот на пре­да­ва­ње. Ка­ко си­те да сме ста­ве­ни во не­ка­ква коц­ка. На­став­ни­кот го пре­да­ва тоа што е во кни­га­та,  во на­став­ни­от план и тол­ку, не смее да се из­ле­зе од рам­ки­те.
На­ши­от си­стем не е под­ло­жен на про­ме­ни. Нас, всуш­ност, најм­но­гу ни тре­ба ди­ску­си­ја со про­фе­со­ри­те и ди­ску­си­ја ме­ѓу нас уче­ни­ци­те. Исто та­ка, ни тре­ба, на при­мер, са­ми­те да си пра­ви­ме рас­по­ред на ча­со­ви. Зо­што да не мо­же­ме са­ми да соз­да­ва­ме рас­по­ред, а не да го зна­е­ме ед­на го­ди­на од­на­пред. По­треб­на ни е и пра­ктич­на на­ста­ва, по­треб­на ни е ин­те­рак­ци­ја, да сме оп­кру­же­ни со лу­ѓе со кои ни е ќеф да збо­ру­ва­ме, да го ка­же­ме на­ше­то мис­ле­ње.

Напишете коментар