Лице в лице тема

Пандемијата отвори врати кон заборавените можности

Време на читање: 5 минути

Ло­кал­ни­те по­тен­ци­ја­ли ка­ко од­го­вор на ло­кал­ни­те пре­диз­ви­ци

На долг рок пан­де­ми­ја­та мо­же да ги про­ме­ни ше­ми­те на про­из­водс­тво и на кон­су­ма­ци­ја, во од­нос на ра­бот­ни­те ус­ло­ви да го зго­ле­ми фо­ку­сот на ра­бо­та од до­ма, но, од дру­га стра­на, отво­ра и но­ви на­чи­ни за раз­вој на ру­рал­ни­те сре­ди­ни, што е  ед­но од по­тен­ци­јал­ни­те ре­ше­ни­ја за клуч­ни­те гло­бал­ни пре­диз­ви­ци ка­ко кли­мат­ски­те про­ме­ни и по­стиг­ну­ва­ње­то одрж­ли­вост

- банер -

Се ме­ну­ва­ат по­тро­шу­вач­ки­те на­ви­ки, се зго­ле­му­ва по­тре­ба­та од ос­нов­ни до­бра, а се на­ма­лу­ва по­ба­ру­вач­ка­та на лу­ксуз­ни про­из­во­ди. Во исто вре­ме, мно­гу лу­ѓе ги за­гу­би­ја сво­и­те ра­бот­ни ме­ста, а во не­кои се­кто­ри се по­ја­ви не­до­стиг од ра­бот­на си­ла по­ра­ди не­мож­но­ста се­зон­ски­те ра­бот­ни­ци да се дви­жат ме­ѓу зем­ји­те.  Ита­ли­ја се со­о­чи со не­до­стиг од 250.000  ра­бот­ни­ци во зем­јо­делс­тво­то по­ра­ди ре­стри­ктив­ни­те мер­ки и за­бра­на за дви­же­ње, а во Шпа­ни­ја, ко­ја из­ве­зу­ва две тре­ти­ни од сво­и­те зем­јо­дел­ски про­из­во­ди во зем­ји­те на ЕУ, не­до­сти­га­ат 75.000 – 80.000 ли­ца што се­зон­ски би се вклу­чи­ле во бер­ба­та. 

На долг рок пан­де­ми­ја­та мо­же да ги про­ме­ни ше­ми­те на про­из­водс­тво и на кон­су­ма­ци­ја, во од­нос на ра­бот­ни­те ус­ло­ви да го зго­ле­ми фо­ку­сот на ра­бо­та од до­ма, но, од дру­га стра­на, отво­ра и но­ви на­чи­ни за раз­вој на ру­рал­ни­те сре­ди­ни, што е  ед­но од по­тен­ци­јал­ни­те ре­ше­ни­ја за клуч­ни­те гло­бал­ни пре­диз­ви­ци ка­ко кли­мат­ски­те про­ме­ни и по­стиг­ну­ва­ње­то одрж­ли­вост. Всуш­ност, кри­за­та пре­диз­ви­ка­на од ко­вид-19 мо­же да се гле­да ка­ко мож­ност за ди­ги­та­ли­за­ци­ја на ру­рал­ни­те сре­ди­ни, а со тоа и зго­ле­му­ва­ње на нив­на­та атра­ктив­ност и за гра­ѓа­ни­те и за при­ват­ни­от се­ктор. Ја­зот во при­ста­пот до ди­ги­тал­ни ус­лу­ги за вре­ме на пан­де­ми­ја­та го отво­ри пра­ша­ње­то да­ли при­ста­пот до ква­ли­те­тен ин­тер­нет е ос­нов­на­та ал­ка за рам­но­ме­рен и одрж­лив раз­вој.

Зем­јо­делс­тво­то, про­из­водс­тво­то на хра­на и ту­риз­мот – се­кто­ри со нај­го­ле­ми мож­но­сти

За да ги уб­ла­жи­ме ефе­кти­те од те­ков­на­та кри­за, ста­ну­ва не­оп­ход­ност да се фо­ку­си­ра­ме на ло­кал­ни­те по­тен­ци­ја­ли и ре­сур­си.

Ин­ди­ка­тив­на­та стра­те­ги­ја на Европ­ска­та ко­ми­си­ја за Бал­ка­нот (2014-2020), нај­го­ле­ми­те по­тен­ци­ја­ли за раз­вој на зем­ја­ва ги иден­ти­фи­ку­ва во зем­јо­дел­ски­от се­ктор, во про­из­водс­тво­то на хра­на и во раз­вој на ту­риз­мот, пред сѐ по­ра­ди при­ста­пот до зем­ја, чо­веч­ки ка­пи­тал, ло­ка­ци­ја­та и кли­мат­ски­те ус­ло­ви, кои мо­жат да ги за­до­во­лу­ва­ат до­маш­ни­те, ре­ги­о­нал­ни­те и европ­ски­те па­за­ри. Ду­ри 90 про­цен­ти од те­ри­то­ри­ја­та на др­жа­ва­ва е ру­рал­на, а во неа жи­ве­ат  са­мо 42,2 про­цен­та од на­се­ле­ни­е­то. Го­лем дел од се­ла­та се це­лос­но на­пу­ште­ни (151 на­се­ле­но ме­сто не­ма ре­ги­стри­ра­на по­пу­ла­ци­ја спо­ред по­пи­сот од 2002 го­ди­на), а во 633 ме­ста  жи­ве­ат по по­мал­ку од 100 жи­те­ли.

- банер -

По­пу­ла­ци­ја­та што жи­вее во ру­рал­ни­те об­ла­сти ужи­ва по­ни­зок ква­ли­тет на жи­вот од таа во ур­ба­ни­те сре­ди­ни. При­ста­пот до ус­лу­ги (бан­кар­ски, по­штен­ски, транс­порт­ни, здрав­стве­ни, обра­зов­ни, кул­тур­ни, те­ле­ко­му­ни­ка­ци­ски) е огра­ни­чен, зем­јо­дел­ски­те по­вр­ши­ни не се по­вр­за­ни со еле­ктрич­на енер­ги­ја, ко­ја е по­треб­на за во­ве­ду­ва­ње мо­дер­ни си­сте­ми, авто­ма­ти­за­ци­ја и комп­ју­те­ри­за­ци­ја, а ква­ли­те­тот на фи­зич­ка­та и на со­ци­јал­на­та ин­фра­стру­кту­ра во ру­рал­ни­те об­ла­сти во из­ми­на­ти­от пер­и­од е вло­шен по­ра­ди не­до­вол­но­то ин­ве­сти­ра­ње во нив.

Во мо­мен­тов, ру­рал­на­та еко­но­ми­ја, гла­во, е прет­ста­ве­на од ма­ли­те прет­при­ја­ти­ја (вклу­чи­тел­но и ми­кро­прет­при­ја­ти­ја­та), кои сво­ја­та еко­ном­ска актив­ност ја фо­ку­си­ра­ат са­мо на ло­кал­ни­те / ре­ги­о­нал­ни­те па­за­ри. Од дру­га стра­на, ре­чи­си си­те прет­при­ја­ти­ја од при­мар­но­то зем­јо­дел­ско про­из­водс­тво се ло­ци­ра­ни пре­теж­но во ру­рал­ни­те ре­ги­о­ни.  

Во од­нос на ту­риз­мот, пак, ло­кал­но­то на­се­ле­ние не­до­вол­но ги пре­поз­на­ва мож­но­сти­те за раз­вој, кои ту­ри­стич­ка­та ин­ду­стри­ја му ги ну­ди ка­ко вра­бо­ту­ва­ње, при­ход, по­до­бру­ва­ње на оп­шта­та ин­фра­стру­кту­ра и прив­ле­ку­ва­ње ин­ве­сти­ции.

Ру­рал­ни­те сре­ди­ни мо­жат да би­дат прив­леч­ни ме­ста за жи­ве­е­ње и за ра­бо­та

Ка­ко да ги иско­ри­сти­ме ло­кал­ни­те ка­па­ци­те­ти и ре­сур­си, исто­вре­ме­но уна­пре­ду­вај­ќи ги бла­го­со­стој­ба­та и жи­вот­ни­от стан­дард на на­се­ле­ни­е­то и ре­ша­вај­ќи ги иден­ти­фи­ку­ва­ни­те пре­диз­ви­ци ка­ко си­ро­ма­шти­ја, глад, не­вра­бо­те­ност и кли­мат­ски про­ме­ни? 

Ин­сти­ту­ци­о­нал­на­та по­ста­ве­ност во Ма­ке­до­ни­ја ја на­ла­га по­тре­ба­та од со­ра­бо­тка и за­ед­нич­ко дејс­тву­ва­ње на мно­гу­број­ни за­сег­на­ти стра­ни ка­ко Ми­ни­стерс­тво­то за ло­кал­на са­мо­у­пра­ва (про­гра­ми за рам­но­ме­рен и ре­ги­о­на­лен раз­вој), Ми­ни­стерс­тво­то за еко­но­ми­ја (про­гра­ми за раз­вој на ту­ри­зам), Аген­ци­ја­та за фи­нан­си­ска под­др­шка на зем­јо­делс­тво­то и на ру­рал­ни­от раз­вој, Вла­да­та (про­гра­ми за одрж­лив раз­вој и за ру­ра­лен раз­вој),  Фон­дот за ино­ва­ции и тех­но­ло­шки раз­вој (про­гра­ма за раз­вој на ино­ва­ции во ру­рал­ни­те сре­ди­ни).

Ко­ор­ди­ни­ра­ни ин­ве­сти­ции ме­ѓу јав­ни­от и при­ват­ни­от се­ктор, ка­ко и до­на­тор­ска­та за­ед­ни­ца, за­ед­но со ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја на ру­рал­на­та еко­но­ми­ја, мо­жат це­лос­но да ја про­ме­нат сли­ка­та во ру­рал­ни­от дел од зем­ја­ва, а се­ла­та да ста­нат прив­леч­ни ме­ста за жи­ве­е­ње и за ра­бо­та.

Кри­за­та пре­диз­ви­ка­на од ко­вид-19 це­лос­но ги ме­ну­ва перс­пе­кти­ва­та и пер­цеп­ци­ја­та за ру­рал­ни­от раз­вој. Таа ја за­бр­за упо­тре­ба­та на ди­ги­тал­ни­те ала­тки и на гло­бал­но ни­во и кај нас. Мер­ки­те за со­ци­јал­но ди­стан­ци­ра­ње пот­тик­наа раз­вој на но­ва ра­бот­на пра­кти­ка, да­ле­чин­ско уче­ње и раз­вој на е-ус­лу­ги. Ова е осо­бе­но важ­но во ру­рал­ни­те об­ла­сти ка­де што рас­то­ја­ни­е­то и вре­ме­то на па­ту­ва­ње има­ат тен­ден­ци­ја да би­дат по­дол­ги. Со дру­ги збо­ро­ви, на се­мејс­тва­та им бе­ше овоз­мо­же­но да жи­ве­ат ру­рал­но, а по­втор­но да ги за­вр­шу­ва­ат сво­и­те  ра­бот­ни актив­но­сти.  Во исто вре­ме, мер­ки­те за со­ци­јал­но ди­стан­ци­ра­ње сè по­ве­ќе ја зго­ле­му­ва­ат атра­ктив­но­ста на ру­рал­ни­те сре­ди­ни.

Од дру­га стра­на, пак, кри­за­та по­ра­ди ко­вид-19 мо­же да го пот­тик­не по­ра­стот на но­ви фир­ми и ра­бот­ни ме­ста што ну­дат ди­ги­тал­ни ре­ше­ни­ја и по­вр­зување на гра­до­ви­те и на ру­рал­ни­те об­ла­сти. Ин­ве­сти­ци­ски­те па­ке­ти во со­ци­јал­ни ино­ва­ции за пот­тик­ну­ва­ње ру­ра­лен раз­вој ста­ну­ва­ат не­оп­ход­ност за зем­ја­ва.

Ни­ко­гаш ка­ко се­га не сме би­ле свр­те­ни кон пре­поз­на­ва­ње и ужи­ва­ње во при­род­ни­те бо­гат­ства што ги има­ме. Пла­ни­ни­те, во­до­па­ди­те, ре­ки­те, езе­ра­та, хра­на­та што ја има­ме до­ма ста­наа за­бе­леж­ли­ви и пре­поз­на­е­ни. Ги ме­ну­ва­ме и на­ви­ки­те за ку­пу­ва­ње, при што им да­ва­ме пред­ност на ло­кал­ни­те до­бра, на про­из­во­ди­те од мал ло­ка­лен биз­нис и од при­мар­ни про­из­во­ди­те­ли. При­род­ни­те ре­сур­си со кои рас­по­ла­га­ме во ид­ни­на мо­жат да би­дат ужи­ва­ње и за стран­ски­те ту­ри­сти, а ру­рал­ни­от ту­ри­зам се на­ѕи­ра ка­ко нов се­ктор, кој има ка­па­ци­тет да ги ре­ге­не­ри­ра си­ро­маш­ни­те и по­мал­ку раз­ви­е­ни об­ла­сти.

Оваа кри­за им ну­ди на ру­рал­ни­те за­ед­ни­ци мож­ност да ги мо­би­ли­зи­ра­ат и за­си­лат сво­и­те ло­кал­ни мре­жи и ко­о­пе­ра­тив­ни стру­кту­ри за да се со­о­чат со еко­ном­ски­от шок. Ру­рал­ни­те об­ла­сти има­ат тен­ден­ци­ја да има­ат ко­рист од вмре­жу­ва­ње­то и од са­мо­ор­га­ни­зи­ра­ње­то за да се прис­по­со­бат на стру­ктур­ни­те про­ме­ни, а ло­кал­ни­те ини­ци­ја­ти­ви што се по­ја­ви­ја при­вре­ме­но за ре­ша­ва­ње на не­по­сред­ни­те еко­ном­ски и со­ци­јал­ни ефе­кти на пан­де­ми­ја­та мо­же да би­дат ко­рис­ни ме­ха­низ­ми за дол­го­роч­но про­мо­ви­ра­ње бла­го­со­стој­ба и ко­хе­зи­ја во ру­рал­ни­те за­ед­ни­ци.

Одрж­ли­ва, зе­ле­на и ди­ги­тал­на об­но­ва на Евро­па

И на ни­во на ЕУ се за­бе­ле­жу­ва за­че­ток на нов ди­скурс во де­ба­та­та за раз­во­јот на ру­рал­на­та по­ли­ти­ка. Ру­рал­ни­те за­ед­ни­ци ста­ну­ва­ат клу­чен ин­стру­мент во тран­зи­ци­ја­та кон зе­ле­ни и инк­лу­зив­ни оп­штес­тва, ка­ко и во ос­тва­ру­ва­ње­то на гло­бал­ни­те це­ли за одрж­лив раз­вој и европ­ски­от зе­лен до­го­вор, со што се обез­бе­ду­ва ди­ре­ктен од­го­вор на кли­мат­ски­те про­ме­ни и за­гу­ба­та на би­о­ди­вер­зи­те­тот.

Ста­ну­ва сè по­јас­но де­ка по­тен­ци­ја­лот на ру­рал­ни­те де­ло­ви не е це­лос­но иско­ри­стен и пре­ку до­се­гаш­на­та по­ли­ти­ка раз­ви­ва­на на ни­во на ЕУ, но и на ни­во на зем­ји­те-член­ки. По­твр­да за овој раз­вој е цен­тра­ли­за­ци­ја­та на на­се­ле­ни­е­то во ур­ба­ни­те сре­ди­ни, цен­тра­ли­за­ци­ја­та на ус­лу­ги­те, кои не обез­бе­ду­ва­ат при­стап до ос­нов­ни ус­лу­ги за на­се­ле­ни­е­то во ру­рал­ни­те сре­ди­ни. От­ту­ка про­из­ле­гу­ва и клуч­ни­от пре­диз­вик за по­ли­ти­ка­та на ЕУ, ка­ков ди­зајн на по­ли­ти­ка и мер­ки се по­треб­ни за да се иско­ри­сти по­тен­ци­ја­лот на ру­рал­ни­те сре­ди­ни.

Од дру­га стра­на, оче­ку­ва­ња­та за гло­бал­на­та еко­но­ми­ја се на­ма­лу­ва­ње на 5,2 про­цен­ти во 2020 го­ди­на, што е приб­лиж­но три­па­ти по­ве­ќе од гло­бал­на­та фи­нан­си­ска кри­за во 2008 – 2009 го­ди­на. Спо­ред Све­тка бан­ка, во нај­раз­ви­е­ни­те еко­но­мии ка­ко Обе­ди­не­ти­те на­ции и евро­зо­на­та, се оче­ку­ва до­маш­ни­от бру­то-про­из­вод да би­де – 6,1 про­цент и 9,1 про­цент со­од­вет­но, до­де­ка, пак, по­ве­ќе од 90 про­цен­ти од па­за­ри­те и од еко­но­ми­ја­та во раз­вој се оче­ку­ва да се со­о­чат со на­ма­лу­ва­ње на при­хо­дот по жи­тел, што ќе во­ди кон ми­ли­о­ни гра­ѓа­ни по­втор­но да за­пад­нат во си­ро­ма­шти­ја.

Во ко­му­ни­ка­ци­ја­та на Европ­ска­та ко­ми­си­ја за раз­ви­е­ни­от фи­нан­си­ски ин­стру­мент ка­ко од­го­вор на кри­за­та, Ин­стру­мен­тот за тех­нич­ка под­др­шка за об­но­ва и за зго­ле­му­ва­ње на от­пор­но­ста обез­бе­ду­ва под­др­шка во тран­зи­ци­ја­та кон кли­мат­ски не­у­трал­на и зе­ле­на еко­но­ми­ја. Ко­ми­си­ја­та ја пре­поз­на­ва по­тре­ба­та од одрж­ли­ва, зе­ле­на и ди­ги­тал­на об­но­ва на Евро­па, при­тоа истак­ну­вај­ќи ја и важ­но­ста за обез­бе­ду­ва­ње под­др­шка за нај­ран­ли­ви­те гра­ѓа­ни.

(Автор­ка­та е истра­жу­вач­ка во Асо­ци­ја­ци­ја­та за истра­жу­ва­ње, ко­му­ни­ка­ции и за раз­вој „Паб­лик“)

Напишете коментар