Актуелно

„Лице в лице“ преку веб-продавница – со подарок и со достава

Веб-про­дав­ни­ца­та kupi.licevlice.mk се по­ка­жа ка­ко до­бро ре­ше­ние и за про­да­ва­чи­те што оста­ну­ва­ат „да ра­бо­тат од до­ма“, а се­га нај­дов­ме на­чин и да ги ан­га­жи­ра­ме и мо­ти­ви­ра­ме\

Ра­бот­на­та ин­те­гра­ци­ја е клуч­на­та оска што е вгра­де­на во ми­си­ја­та на „Ли­це в ли­це“. Ран­ли­ви­те со­гра­ѓа­ни, вклу­че­ни ка­ко про­да­ва­чи на улич­но­то спи­са­ние за одрж­лив раз­вој, со­ци­јал­но и еко­ном­ски се за­си­лу­ва­ат пре­ку про­даж­ба на ма­га­зи­нот. Ли­це­то на „Ли­це в ли­це“ се про­да­ва­чи­те што се­којд­нев­но се гра­дат се­бе­си, но и по­ле­то во кое са­ка­ат да дејс­тву­ва­ат. Гра­дат мре­жа, соз­да­ва­ат кон­та­кти, а со тоа се за­си­лу­ва­ат се­бе­си и сво­и­те ка­па­ци­те­ти. Це­ли­от овој про­цес, го за­пре пан­де­ми­ја­та.

Дел од про­да­ва­чи­те на улич­но­то спи­са­ние за одрж­лив раз­вој, по­ра­ди здрав­стве­ни­те ри­зи­ци, не се на ули­ци­те ра­бо­теј­ќи, ту­ку оста­ну­ва­ат до­ма. За нив ова зна­чи без­бед­ност, но дру­га­та стра­на на па­рич­ка­та алар­ми­ра и на иск­лу­че­но­ста, таа што, ве­ќе ос­ма го­ди­на, ја при­тис­нав­ме во ќо­ше. Ак­ци­ја­та „Се­ди си до­ма и чи­тај Ли­це в ли­це“, во ко­ја се вклу­чу­ва­ат од­го­вор­ни ком­па­нии, ор­га­ни­за­ции, гра­ѓа­ни, обез­бе­ду­ва мо­мент­на фи­нан­си­ска ста­бил­ност за нив, но иск­лу­че­но­ста ба­ра­ше до­пол­ни­тел­ни мо­де­ли и за­лож­ба.

Веб-про­дав­ни­ца­та kupi.licevlice.mk, ка­де што чи­та­те­ли­те мо­же да се претп­ла­тат на електронска и на печатена верзија на списанието, е под­го­тве­на, куп до­бри и ум­ни лу­ѓе се вклу­чи­ја во неј­зи­но­то соз­да­ва­ње, офор­му­ва­ње, за­поз­на­ва­ње на пуб­ли­ка­та со неа. Се по­ка­жа де­ка веб-про­дав­ни­ца­та е до­бро ре­ше­ние и за про­да­ва­чи­те, кои оста­ну­ва­ат „да ра­бо­тат од до­ма“, са­мо тре­ба­ше да се нај­де на­чин да се ан­га­жи­ра­ат.  

Кре­а­тив­ност, ин­те­гра­ци­ја и ра­бот­ни на­ви­ки

– Пе­пи, Гор­де, Ма­ри­че, Ана­бе­ла и Ка­те се во изо­ла­ци­ја ве­ќе шест ме­се­ци, од по­че­то­кот на пан­де­ми­ја­та, за­гри­жен сум за нив. Ај­де да на­пра­ви­ме не­што со што ќе ги за­др­жи­ме кре­а­тив­ни и со актив­на мис­ла. По­треб­на ни е актив­ност што ќе ги мо­ти­ви­ра и под­др­жи да го по­ми­нат по­лес­но це­ли­от овој пер­и­од – ни ја­ви Го­це Ни­ко­лов од парт­нер­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја „По­ра­ка Не­го­ти­но“, кој ја ме­на­џи­ра ра­бо­та­та на раз­гра­но­кот во Вол­ко­во.

Зна­ев­ме де­ка тре­ба вед­наш да на­пра­ви­ме по­и­на­ков си­стем на под­др­шка и та­ка се ро­ди и ини­ци­ја­ти­ва­та „Од ко­го ку­пи Ли­це в Ли­це?“, со ко­ја создадовме раз­лич­ни ко­до­ви за си­те про­да­ва­чи што са­ка­ат да би­дат дел од ова, се­кој со сво­ја­та спе­ци­фич­на при­каз­на.

Та­ка, про­да­вач­ки­те од „По­ра­ка Не­го­ти­но“ има­ат кре­а­тив­ни ра­бо­тил­ни­ци, а се ор­га­ни­зи­ра­ни во нив­на­та за­ед­ни­ца во Вол­ко­во, со што ја за­др­жу­ва­ат сво­ја­та мо­ти­ва­ци­ја, ан­га­жи­ра­ни се, се чув­ству­ва­ат ко­рис­ни и се за­до­вол­ни.

– Мно­гу ни не­до­сти­га да из­ле­зе­ме и да ра­бо­ти­ме. Знам де­ка е важ­но да оста­не­ме до­ма, но са­ка­ме да ко­му­ни­ци­ра­ме со при­ја­те­ли­те што ги пре­поз­на­ва­ме се­ко­гаш ко­га про­да­ва­ме „Ли­це в ли­це“. Се­га, и ние пра­ви­ме не­што за нив – ве­ли Ма­ри­ца Ми­ло­ше­ва.

Пе­пи, Гор­де и Ка­те се сог­ла­су­ва­ат со неа, а Ана­бе­ла до­да­ва:
– Ни не­до­сти­га це­ли­от тим, да се на­пи­е­ме ка­фе и да се дру­жи­ме за­ед­но на бал­кон.

Овој на­чин на ра­бо­та се зас­но­ва на кре­а­тив­ни­те ра­бо­тил­ни­ци на кои се при­ме­ну­ва арт те­ра­пи­ја, ко­ја, пак, пот­тик­ну­ва транс­фор­ми­ра­ње и на­со­чу­ва­ње на  енер­ги­ја­та во кре­а­ти­вен про­цес. Ра­бо­тил­ни­ци­те се ед­наш не­дел­но, а, спо­ред од­бра­на­та те­ма­ти­ка, се пре­не­су­ва и еду­ка­ци­ја за важ­но­ста за за­чу­ву­ва­ње на при­ро­да­та, пла­не­та­та, но и за не­гу­ва­ње  вред­но­сти. Си­те чи­та­те­ли на спи­са­ни­е­то што си го на­ба­ву­ва­ле сво­јот при­ме­рок од пе­тка­та од Вол­ко­во, мо­же да про­дол­жат да го пра­ват тоа со на­рач­ка на печатена верзија од „Лице в лице“  пре­ку kupi.licevlice, со вне­су­ва­ње на еден од ко­до­ви­те KupivОd—- и име­то на про­да­вач­ка­та, а освен спи­са­ни­е­то, ќе до­би­јат и цр­теж од нив.

Ва­ков код за про­даж­ба, на ини­ци­ја­ти­ва на парт­нер­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја „По­ра­ка Но­ва“ од Стру­га, бе­ше кре­и­ран и за по­пу­лар­ни­от Игор Шај­нов­ски, кој е пр­ви­от вра­бо­тен про­да­вач во оваа ор­га­ни­за­ци­ја, за што пишувавме во минатиот број. Со вне­су­ва­ње на ко­дот IgorPoraka на е-про­дав­ни­ца­та, тој лич­но се за­ло­жу­ва да ја до­ста­ви пе­ча­те­на­та вер­зи­ја на спи­са­ни­е­то, а ако до­ста­ва­та е над­вор од Стру­га, ќе ја пра­ти по по­шта.

Но­ви­от на­чин на про­даж­ба – со­вр­шен и за Ки­ко

Кри­сти­јан Мар­ков­ски, пак, вед­наш се акти­ви­ра­ше да би­де вклу­чен во ва­кви­от вид про­даж­ба. Мла­до­то и се­ко­гаш по­зи­тив­но мом­че, кое мно­гу­ми­на го зна­ат ток­му од актив­но­сти­те на „Ли­це в ли­це“ и на Цр­ве­ни­от крст на Град Скоп­је, ре­че де­ка овој на­чин е со­вр­шен за не­го­ви­те ре­дов­ни под­др­жу­ва­чи. Ко­дот за не­го е KupivOdKiko, со кој при­ја­те­ли­те на Ки­ко и по­на­та­му ќе мо­жат да го ку­пу­ва­ат „Ли­це в ли­це“, а ед­на по­ло­ви­на од про­даж­ба­та ќе би­де ди­рект­но за не­го, при што тој ќе се по­гри­жи и да им стиг­ну­ва во нив­но­то сан­да­че.

Ки­ко не­тр­пе­ли­во го оче­ку­ва­ше об­ја­ву­ва­ње­то и спо­де­лу­ва­ње­то на ко­дот со сво­и­те при­ја­те­ли.

– Уште пред да об­ја­ви­ме на со­ци­јал­ни­те мре­жи, јас ги из­ве­стив мо­и­те вер­ни под­др­жу­ва­чи за на­чи­нот на кој ќе про­да­вам отсе­га. Сре­ќен сум за ко­дот што го до­бив, ова е мо­јот на­чин на про­даж­ба. Нај­че­сто ко­му­ни­ци­рам на со­ци­јал­ни­те мре­жи и ток­му ту­ка ги на­о­ѓам мо­и­те ид­ни под­др­жу­ва­чи и чи­та­те­ли на „Ли­це в ли­це“ – ве­ли Ки­ко.

Тој на мно­гу све­сен на­чин при­ста­пи на оваа си­ту­а­ци­ја сме­тај­ќи на сво­и­те ко­му­ни­ка­ци­ски ве­шти­ни, раз­ви­е­ни при­ја­телс­тва и дру­гарс­тва, но и зна­еј­ќи де­ка про­да­вај­ќи го ва­ка спи­са­ни­е­то, ку­пу­ва­чи­те, не са­мо што до­би­ва­ат ква­ли­те­тен про­из­вод, ту­ку и да­ва­ат под­др­шка на про­це­сот на не­го­ва­та ра­бот­на ин­те­гра­ци­ја. Ки­ко ва­ка учи ка­ко да ги ме­на­џи­ра па­ри­те што ги за­ра­бо­ту­ва, ја над­гра­ду­ва сво­ја­та од­го­вор­на стра­на и е ра­бот­но ан­га­жи­ран би­деј­ќи тој са­ми­от ги ис­пра­ќа спи­са­ни­ја­та по по­шта или ди­рект­но до ком­па­ни­и­те / ор­га­ни­за­ци­и­те што на­ра­чу­ва­ат од не­го, а има и при­чи­на плус за раз­го­вор и за при­стап до под­др­жу­ва­чи­те.

Искус­тва од зем­ји­те-член­ки на ИНСП

Си­те дру­ги улич­ни спи­са­ни­ја и вес­ни­ци од 35 зем­ји-член­ки на Ме­ѓу­на­род­на­та мре­жа на ули­чен пе­чат (ИНСП), се со­о­чу­ва­ат со слич­ни пре­диз­ви­ци во пог­лед на про­даж­ба­та. Дви­же­ње­то на улич­ни­от пе­чат се со­о­чу­ва со пре­диз­вик ка­ко ни­ко­гаш до­се­га да нај­де мо­де­ли, кои, од ед­на стра­на, ќе би­дат лес­но до­стап­ни и за про­да­ва­чи­те и за пуб­ли­ка­та, но кои не­ма да му пре­чат на клуч­ни­от еле­мент што го има зад се­бе – ра­бот­на­та ин­те­гра­ци­ја, мо­ти­ва­ци­ја­та кај ран­ли­ви­те, нив­на­та со­ци­јал­на инк­лу­зи­ја.

Улич­ни­те спи­са­ни­ја низ све­тот ве­ќе ра­бо­тат со парт­нерс­тва со од­го­вор­ни ком­па­нии со чи­ја­што под­др­шка го про­да­ва­ат ти­ра­жот, соз­да­ва­ат мо­бил­ни ап­ли­ка­ции и дру­ги ди­ги­тал­ни ре­ше­ни­ја што оп­фа­ќа­ат без­го­то­вин­ско пла­ќа­ње, ра­бо­тат на фан­дреј­зинг и слич­но.

„Хус фор­би“ од Дан­ска ве­ќе шест го­ди­ни ну­ди пла­ќа­ње за спи­са­ни­ја пре­ку СМС, а со кри­за­та, тие акти­ви­раа и ап­ли­ка­ци­ја за пла­ќа­ње од мо­би­лен. Оваа ап­ли­ка­ци­ја ја ко­ри­сти 90 про­цен­ти од на­се­ле­ни­е­то во Дан­ска, кое ко­ри­сти па­мет­ни те­ле­фо­ни.

„Биг иш­ју Ав­стра­ли­ја“ има по­ве­ќе на­чи­ни за ку­пу­ва­чи­те –  освен во­о­би­ча­е­ни­от, тие има­ат и кар­тич­ка „Теп енд гоу“ со ко­ја пре­ку вне­су­ва­ње на по­да­то­ци­те на ку­пу­ва­чот пре­ку блу­тут, се ре­ги­стри­ра и пла­ќа спи­са­ни­е­то. Тие има­ат со­ра­бо­тка со че­ти­ри го­ле­ми бан­ки, кои на днев­но ни­во им ги исп­ла­ќа­ат па­ри­те на про­да­ва­чи­те ди­рект­но на сме­тка. Ова улич­но спи­са­ние ко­ри­сти и бесп­лат­на ап­ли­ка­ци­ја пре­ку ко­ја се ку­пу­ва при­ме­рок, со ске­ни­ра­ње на QR код што го има про­да­ва­чот. Исто та­ка, нај­а­ви­ја парт­нерс­тво со син­џир мар­ке­ти во зем­ја­та, „Вул­вортс“, кои без на­до­мест ги про­да­ва­ат спи­са­ни­ја­та, а при­хо­ди­те се на­ме­не­ти во фонд за про­да­ва­чи­те. Без­го­то­вин­ски пла­ќа­ња со по­себ­ни апа­ра­ти за про­да­ва­чи­те при­ме­ну­ва­ат и спи­са­ни­ја­та „Биг иш­ју“ и „Биг иш­ју норт“ во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и во Јуж­на Афри­ка, „Стрит вајз“ од Чи­ка­го, САД. „Ме­га­фон“, „Ал­берт стрит њуз“ и „Ли­те­на­ир“ во Ка­на­да, исто та­ка, пра­кти­ку­ва­ат без­го­то­вин­ско­то пла­ќа­ње, а та­му нај­го­ле­ми­от дел од улич­ни­те спи­са­ни­ја за вре­ме на ко­вид-19 за­преа со пе­ча­те­ње, но про­дол­жу­ва­ат со ди­ги­тал­ни со­др­жи­ни.

Срп­ско­то улич­но спи­са­ние „Ли­це­у­ли­це“ те­рен­ска­та ра­бо­та ја про­дол­жи на исти­от на­чин ка­ко прет­ход­но, но ре­ду­ци­ра­но и со це­ла­та по­треб­на за­штит­на опре­ма, а про­да­ва­ат и пре­ку нив­на­та веб-про­дав­ни­ца.

Напишете коментар