Лице в лице тема, Магазин

Вештачка интелигенција – бауч или можност?

илустрација: Мартина Талевска

„За­па­ме­те­те ги мо­и­те збо­ро­ви, ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја е мно­гу по­о­пас­на од нук­ле­ар­ни­те цен­тра­ли “, ек­стре­мен е кон­тро­верз­ни­от ино­ва­тор и прет­при­е­мач Илон Маск, кој збо­ру­ва за ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја. „Лу­ѓе­то тре­ба да би­дат за­гри­же­ни по­ра­ди за­ка­на­та што ја но­си ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја“, ве­ли и еден од нај­бо­га­ти­те и најв­ли­ја­тел­ни лу­ѓе, Бил Гејтс. Ако обај­ца­та ва­жат за лу­ѓе на кои те­ма­та за ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја им е бли­ска, да­ли е оправ­да­на за­гри­же­но­ста што по­стои во вр­ска со ова пра­ша­ње?
Лу­ѓе­то че­сто ја опи­шу­ва­ат ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја ка­ко пос­лед­ни­от изум што чо­веш­тво­то не­ко­гаш ќе го на­пра­ви. Очиг­лед­на е опас­но­ста што по­стои – не­е­тич­ка­ упо­тре­ба на оваа тех­но­ло­ги­ја, за што тре­ба да се збо­ру­ва пог­лас­но.
На по­че­то­кот сме на но­ва тех­но­ло­шка ре­во­лу­ци­ја. До­ми­нан­тен е стра­вот де­ка ди­ги­та­ли­за­ци­ја­та и но­ви­те тех­но­ло­шки откри­ти­ја ќе ги од­зе­мат на­ши­те ра­бот­ни ме­ста. Мно­гу­ми­на мла­ди го за­бе­ле­жу­ва­ат вли­ја­ни­е­то што ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја, за­ед­но со ма­шин­ско­то уче­ње, го вр­ши врз сликата на вра­бо­ту­ва­њата. Но, не е сè тол­ку си­во, овие но­ви откри­ти­ја се по­зи­тив­ни откри­ти­ја, откри­ти­ја за вос­хит!

Спо­ред из­ве­шта­јот на Свет­ски­от еко­ном­ски фо­рум, се оче­ку­ва 75 ми­ли­о­ни ра­бот­ни ме­ста да би­дат пре­зе­ме­ни од ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја, ро­бо­ти­ка и авто­ма­ти­за­ци­ја во след­ни­те три го­ди­ни! Се­пак, ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја но­си и но­ви мож­но­сти и уло­ги, кои не по­сто­е­ле во ми­на­то­то. Всуш­ност, исти­от из­ве­штај ука­жу­ва де­ка ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја ќе пот­тик­не не­то-по­раст на но­ви ра­бот­ни ме­ста, што ре­зул­ти­ра со но­ви 133 ми­ли­о­ни ра­бот­ни ме­ста во след­ни­те не­кол­ку го­ди­ни. Тоа се ре­чи­си 60 ми­ли­о­ни по­ве­ќе ра­бот­ни ме­ста, откол­ку што ќе би­дат из­гу­бе­ни. Тоа зна­чи де­ка оваа но­ва тех­но­ло­ги­ја што ја но­си де­неш­ни­на­та не­ма да ги од­зе­ме ра­бот­ни­те ме­ста, ту­ку ра­ди­кал­но ќе ги про­ме­ни.

Ко­ле­кти­вен од­го­вор на ко­ре­ни­та­та про­ме­на

Јас, ка­ко сред­но­школ­ка на ко­ја ѝ прет­сто­јат го­ле­ми од­лу­ки, ве­ру­вам де­ка при до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки би тре­ба­ло да ги зе­мам пред­вид и вли­ја­ни­ја­та што ги има на­пред­на­та тех­но­ло­ги­ја врз oгро­мен оп­сег на про­фе­си­о­нал­на ка­ри­е­ра. Ка­ко мла­ди лу­ѓе мо­ра да сме свес­ни де­ка ра­бот­ни­те ме­ста дра­стич­но ќе се ви­до­из­ме­нат и сè по­го­лем фо­кус ќе се ста­ви на не­из­беж­на­та ди­ги­та­ли­за­ци­ја. За не­кол­ку го­ди­ни, нај­важ­на ка­ра­кте­ри­сти­ка што ќе ја ба­ра­ат ра­бо­то­дав­ци­те ќе би­де ток­му спо­соб­но­ста вра­бо­те­ни­те да се адап­ти­ра­ат на но­ви­те тех­ни­ки и на бр­зи­те из­ме­ни. Овие про­ме­ни со се­бе ќе им до­не­сат и но­ва од­го­вор­ност на ли­ца­та што ба­ра­ат ра­бо­та – да се за­поз­на­ат со ди­ги­тал­ни­те ала­тки и да ги зна­ат тех­но­ло­шки­те но­ви­ни.

Ка­ко и за се­кое ма­лиг­но откри­тие, и со ова ќе мо­ра ко­ле­ктив­но да ги над­ми­не­ме штет­ни­те пос­ле­ди­ци и имп­ли­ка­ции. Ед­на од нив е и ко­ре­ни­та про­ме­на на ра­бот­ни­те ме­ста со ко­ја, не­сом­не­но, ќе има и про­ме­на во оп­штес­тво­то би­деј­ќи лу­ѓе­то пре­ста­ну­ва­ат да ра­бо­тат во одре­де­ни про­фе­сии, а им се по­треб­ни из­во­ри на при­ход. Клу­чен дел од ова се ини­ци­ја­ти­ви за ве­шти­ни и ква­ли­фи­ка­ции. Ком­па­нии ка­ко ИБМ ра­бо­тат со кре­а­то­ри на по­ли­ти­ка, ака­дем­ски ин­сти­ту­ции и обу­чу­ва­чи за да им по­мог­нат на сту­ден­ти­те и на ра­бот­ни­ци­те да здо­би­јат но­ви ве­шти­ни што ќе се по­ја­ват во еко­но­ми­ја­та со мож­ност за ве­штач­ка ин­те­ли­ген­ци­ја. Би­деј­ќи ве­штач­ка­та ин­те­ли­ген­ци­ја нав­ле­гу­ва во на­ши­от се­којд­не­вен жи­вот, ќе би­дат откри­е­ни енор­мен број но­ви на­чи­ни на ра­бо­та. Та­ка, таа ги зго­ле­му­ва ра­бот­ни­те ме­ста, ме­сто да ги ели­ми­ни­ра. Отво­ра­ње ра­бот­ни ме­ста во по­мал­ку раз­ви­е­ни­те зем­ји, збли­жу­ва­ње на ин­ве­сти­то­ри­те и на ма­ли­те прет­при­ја­ти­ја, без ог­лед на ло­ка­ци­ја­та.

Го­ле­ми­те про­ме­ни со се­бе но­сат и те­шки тран­зи­ции. Па, та­ка, иа­ко сли­ка­та за вра­бо­ту­ва­ња­та, си­гур­но, ќе се про­ме­ни, јас ка­ко млад чо­век ве­ру­вам де­ка, се­пак, мо­же да би­де на по­до­бро.

(Автор­ка­та е сред­но­школ­ка)

Напишете коментар