Лице в лице тема, Магазин

Вистината е еднина, лажните вести се множина!

Време на читање: 8 минути
- банер -

Ја имаме привилегијата денес да читаме за настаните додека тие се случуваат, но, од друга страна, вестите станаа опасна информација и понекогаш кријат стапица. Денес се води битка против лажните вести и на овој фронт се чини како да губиме.  Другиот фронт е борбата против говорот на омраза. Медиумите треба да ја едуцираат пошироката јавност за различностите. Но дали го прават тоа?

Како да се избориме против овие појави, кои сериозно му пречат на демократскиот развој? Дезинформациите многу брзо го освојуваат медиумскиот простор и ги засенуваат фактите и вистината. Социјалните мрежи, пак, ги извадија на површина најретроградните ставови на луѓето, па често цел на навреди и на дисквалификации се различните и тие што се најранливи. 

[ihc-hide-content ihc_mb_type=”block” ihc_mb_who=”unreg,6″ ihc_mb_template=”3″ ]

Во навредите не се штедат зборови. Најпогрдните придавки се резервирани за политичките неистомисленици, припадниците на ЛГБТИ-заедницата, лицата со интелектуална попреченост… Тие што се маргинализирани во општеството, на социјалните мрежи често се линчувани.
Оваа практика мора да се искорени уште во зачеток.

- банер -

Страв од различното

Стружанецот Игор Шајноски, кој е продавач на списанието „Лице в лице“, вели дека понекогаш доживува непријатни искуства кога е на терен. Тој е момче со Даунов синдром, што кај некои луѓе е причина за градење бариера или им предизвикува одбивност, кај некои е причина за сожалување, но, секако, постојат и луѓе што го поддржуваат и ја почитуваат неговата работа.

Прочитајте повеќе за приказната на Игор и неговата борба со говорот на омраза на овој линк.

Иако тој во континуитет се бори за своите права, сепак неговото искуство покажува дека лицата со пречки во развојот сѐ уште се обележани. Ова е особено забележливо во училиштата.

Кога говорот на омраза станува норма

Ретко се пријавува говор на омраза по основа на интелектуална и на физичка попреченост. На платформата „Говор на омраза“ поставена од Хелсиншки комитет за човекови права, од стотици поднесени пријави, во период од 2012 година до 2021 година, има само две пријави по основа на интелектуална и на физичка попреченост.
Зошто се занемарува говорот на омраза од овој вид? 

Членот 319 од Кривичниот законик предвидува затворска казна од една до пет години за тој што ќе користи говор на омраза по која било основа, вклучувајќи ја основата ментална и телесна попреченост

Така, луѓето со попреченост понекогаш се и свесни дека институциите што треба да ги штитат ранливите категории, не го прават тоа. А навреди на нивна сметка има толку многу, особено на социјалните мрежи, што се чини јавноста е навикната лицата со попреченост да ги гледа како интелектуално подредени.

Законот предвидува начини за решавање на овој проблем. Ваквите појави треба да се пријават во Министерството за внатрешни работи. Но за да се постигнат промени во општеството, не треба да пријавуваат само засегнатите, кои често не можат да се заштитат самите себе, туку и обичните граѓани. 

– Граѓаните треба да имаат вештини да ја препознаат и разобличат нарацијата што содржи говор на омраза, предрасуди и стереотипи, без оглед на тоа кон кого е насочена, и да не учествуваат во одобрување, коментирање или споделување вакви содржини на социјалните мрежи. Децата уште од најрана возраст треба да учат за различностите во општеството, за прифаќање на другите, кои не се исти или слични со нив, да ги вградат овие принципи во својот вредносен систем – вели Весна Никодиновска, раководителката на проекти во Македонскиот институт за медиуми.

Лажната вест игра со човечките емоции

Новинарското перо може да има водечка улога во афирмирање на тие што се маргинализирани, но и обратно, во нивно обележување. Една од пријавите на платформата на Хелсиншки комитет е за пишан текст на еден  портал. За да се оцрни политички неистомисленик новинарот употребил зборови како аутистичен и ментално ретардиран. Ова е пример каде што медиумот ги става лицата со попречености во негативен контекст и придонесува за стереотипи.

– Лажните вести најчесто користат изрази што се вообичаени во говорот на омраза. Најефектната лажна вест игра со човечките емоции поттикнувајќи чувства на гнев, страв, неспокој, супериорност, но и вознемиреност – вели Младен Чадиковски од ЗНМ.

Емилија Петреска – Камењарова, помошничка–раководителката на Секторот за програмски работи во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), пак, додава дека медиумите треба „да известуваат за појавата на говор на омраза, но, им е забрането да го шират“. Но, медиумите често не ја препознаваат својата улога, а со појавата на порталите длабоко навлегоа во трката за „кликови“ и „лајкови“. Ова ни го донесе проблемот со лажните вести. 

Регулаторите на медиумите веќе водат тешка битка со овој феномен. Читателите често се губат во морето од дезинформации, па доаѓаме во ситуација во која не можеме да разликуваме лага од вистина. И против ова сѐ уште немаме правен лек. 

Додека првите бранови на вирусот корона го нарушуваа нашето секојдневие, Министерството за внатрешни работи поднесе 15 кривични пријави до Основното јавно обвинителство за објавување лажни вести. Кривичните пријави, по основа 205 од Кривичниот законик, беа против лица што ширеле страв и паника на социјалните мрежи за да ја дезинформираат јавноста. Постапката за нив застана кај обвинителите.

Лажната вест игра со човечките емоции

Новинарското перо може да има водечка улога во афирмирање на тие што се маргинализирани, но и обратно, во нивно обележување. Една од пријавите на платформата на Хелсиншки комитет е за пишан текст на еден  портал. За да се оцрни политички неистомисленик новинарот употребил зборови како аутистичен и ментално ретардиран. Ова е пример каде што медиумот ги става лицата со попречености во негативен контекст и придонесува за стереотипи.

– Лажните вести најчесто користат изрази што се вообичаени во говорот на омраза. Најефектната лажна вест игра со човечките емоции поттикнувајќи чувства на гнев, страв, неспокој, супериорност, но и вознемиреност – вели Младен Чадиковски од ЗНМ.

Емилија Петреска – Камењарова, помошничка–раководителката на Секторот за програмски работи во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), пак, додава дека медиумите треба „да известуваат за појавата на говор на омраза, но, им е забрането да го шират“. Но, медиумите често не ја препознаваат својата улога, а со појавата на порталите длабоко навлегоа во трката за „кликови“ и „лајкови“. Ова ни го донесе проблемот со лажните вести. 

Регулаторите на медиумите веќе водат тешка битка со овој феномен. Читателите често се губат во морето од дезинформации, па доаѓаме во ситуација во која не можеме да разликуваме лага од вистина. И против ова сѐ уште немаме правен лек. 

Додека првите бранови на вирусот корона го нарушуваа нашето секојдневие, Министерството за внатрешни работи поднесе 15 кривични пријави до Основното јавно обвинителство за објавување лажни вести. Кривичните пријави, по основа 205 од Кривичниот законик, беа против лица што ширеле страв и паника на социјалните мрежи за да ја дезинформираат јавноста. Постапката за нив застана кај обвинителите.

Проверувај пред да поверуваш!

Истражувања на АВМУ за нивото на медиумската писменост кај популацијата повозрасна од 16 години во земјава, покажуваат дека две третини од нив се свесни за различните начини на кои различни медиуми известуваат за исти настани. Сепак, една четвртина ги проверува информациите од повеќе извори. Постојат повеќе причини зошто е тоа така. АВМУ предлага начини како граѓаните да се поттикнат да бидат поактивни во борбата со лажните вести.
– Ние како Агенција веруваме дека медиумската писменост е многу важна за да добиеме граѓани што ќе бидат поактивни во пријавување дезинформации, неточни информации и злонамерни информации. Важно е да се развијат алатки со кои граѓаните ќе можат да распознаваат неточни и точни информации – посочува Петреска-Камењарова од АВМУ.

Таа посочува дека во политиката за медиумска писменост на АВМУ, постојат четири компетенции што треба да ги имаат граѓаните.


1 – Критичка свесност, која подразбира свест за комерцијалниот и политички интерес што стои зад содржините на кои сме изложени. Таа се засилува со развивање на својот интегритет, етика, емпатија и праведност. Кога ги читаме или гледаме медиумските содржини од оваа позиција на критичка свесност, можеме да ги процениме;

2 – Свесност за улогата на емоциите со комуникацијата преку интернет, емоциите играат важна улога во ширење дезинформации, луѓе се вџасени од лажните вести, па споредуваат пред да проверат;

3 – Дигитална добросостојба, оспособеност на луѓето да ги користат и да владеат со новите технологии безбедно и сигурно, тие да ни бидат слуги, а не господари;

4 – Полноправно граѓанство, граѓани што активно учествуваат во граѓанското општество пријавувајќи дезинформации и споделувајќи ги сториите за проверка на фактите.

Да истражиме, пред да одобриме!

Весна Никодиновска од МИМ, пак, вели дека граѓаните треба да бидат свесни дека зад ширењето на некоја информација, можеби, некој има некаков интерес од тоа.

– Медиумската писменост овозможува јавноста да развие вештини на користење на медиумите,  комуникациски вештини и критичко разбирање. Се разбира, не може да ги описмениме граѓаните преку ноќ, тоа е долготраен процес, но треба да почнеме денес, за среднорочно да можеме да кажеме дека имаме некакви резултати – вели Младен Чадиковски, претседателот на ЗНМ.

– Мислам дека единствениот начин да се спротивставиме на дезинформациите е да бидеме добро информирани, да читаме различни спротивставени гледишта и да избереме кредибилни извори на информации. Понекогаш и да истражиме подетално доколку нè интересира одредена тема, пред да коментираме или да одобриме. Но, исто така, и да им веруваме на фактите, на науката, на тие што имаат долгогодишно искуство во работата во една одредена област, во која се стручни – смета Никодиновска.

Чадиковски посочува на регистарот на професионални медиуми на интернет „Промедија“, каде што членуваат медиуми што ги исполнуваат етичките стандарди во работењето.
– Колку што повеќе граѓани се запознаат со оваа алатка за да ги одделат професионалните од непрофесионалните медиуми на интернет – толку подобро – вели тој.

Рамка: Привлечноста на лажните вести

– Сите ние како поединци сакаме понекогаш да веруваме во приказни, во нашите соништа за поубав живот. Нашата психолошка природа има потреба да верува во нешто што не е реално. Лажните вести будат побрзо и повеќе емоции од вистинитите вести. Лажните вести побрзо се шират и споделуваат – вели Чадиковски давајќи одговор на прашањето зошто се лажните вести попривлечни за народните маси.

Лажните вести се кроени од зборови што емотивно ги заведуваат луѓето, што, најверојатно, ги прави попривлечни. Во едно истражувањето биле анализирани зборовите користени во 126.000 информации на „Твитер“, а заклучокот бил дека лажните вести користеле зборови што предизвикуваат изненаденост и гадење, додека, пак, точните користеле зборови што асоцираат на доверба и на тага.

Чадиковски нагласува дека авторите на лажни вести го злоупотребуваат овој психолошки феномен.

– Социјалните мрежи имаат силно влијание врз известувањето, што може да придонесе за драстични последици кон демократските процеси. Ова влијание, ако гледаме долгорочно, дефинитивно, е најштетното влијание на лажните вести. Поради сите овие штетни ефекти на дезинформациите и на интернет и на дигиталните мрежи како нивни засилувачи, многу е важна медиумската писменост, која треба да се развива и кај најмладите, но и кај сите граѓани и на сите нивоа во општеството – вели Чадиковски.

Петреска-Камењарова додава дека штетата од лажните вести е повеќекратна.

– Штетата се нанесува на тој кон кого е насочена дезинформацијата, на пошироката јавност, која е доведена во заблуда, но и на тој што ја шири лажната вест. Се шири еден таков негативен, неточен дискурс и потоа треба да се вложи многу поголем напор за да се потисне. Како што велат лагата веќе го обиколува светот, додека вистината ги обува чевлите – посочува таа.

Оваа содржина е поддржана преку регионалната програма „Отпор кон дезинформации и говор на омраза: Акција на граѓанското општество за реафирмирање на слободата на медиумите и спречување дезинформации и пропаганда за ширење омраза во земјите од Западен Балкан и во Турција”, што се спроведува со поддршка од Европската унија, од страна на партнерските организации од регионот: СЕЕНПММакедонски институт за медиумиАлбански медиумски институтМедијацентарКосово 2.0Црногорски институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировен институт и Бианет.

Содржините во текстот се единствена одговорност на авторот и на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“ и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската унија. 

[/ihc-hide-content]

Напишете коментар